Нема производи во вашата кошничка.

Како да останете мотивирани за водење здрав живот

Подобрувањето на вашето здравје зависи од вашите желби и потреби. Мотивацијата нема секогаш да биде на највисоко ниво; таа се појавува и се губи па затоа останува на нас да бидеме упорни и напорно да работиме кога сме мотивирани...

Подобрувањето на вашето здравје зависи од вашите желби и потреби. Мотивацијата нема секогаш да биде на највисоко ниво; таа се појавува и се губи па затоа останува на нас да бидеме упорни и напорно да работиме кога сме мотивирани и да се тераме себеси истото да го правиме и кога таа ќе исчезне.

Секако дека крофните изгледаат многу попривлечно отколку целерот, но мора да мислите на вашето здравје, а не на вкусот на храната.

Соочувањето со предизвиците на слабеењето и правилната исхрана се сведува на вашата ментална сила. Повеќето од нас се предаваат веднаш штом го здогледаат своето омилено јадење. Иако изгледа многу тешко, тренирањето на вашиот мозок да размислува здраво е навистина можно. За да си помогнете кога ќе ви биде најтешко, запишете ги целите. Во моментите кога ќе сакате да попуштите пред предизвиците, погледнете ги запишаните цели и ќе повратите барем еден дел од својата мотивација.

Подобрување на вашето здравје мора да биде приоритет.

Вежбајте наутро кога ќе станете од спиење, не јадете брза храна за ручек, итн. и никако не се откажувајте. Никогаш не очекувајте дека се ќе се смени преку ноќ – потребно е време и упорност, меѓутоа ќе дојдете до целта. Многу е важно да идете доволно мотивирани.

Доколку вам ви е полесно да се откажете од газираните пијалоци отколку да почнете со вежбање, ние можеме да ви помогнеме. Започнете се поставување на многу ниски цели. Обидете со мали работи, како на пример паркирање на автомобилот малку подалеку од работното место или со пешачење 5 минути дневно. Откако ќе ги остварите малите цели, тогаш можете да си поставите повисоки како на пример трчање на подолги патеки.

Водете дневник и внимателно забележувајте го губењето на телесната тежина.

На овој начин ќе можете да го следите вашиот напредок. Доколку можете сликајте се и сликите ставете ги во дневникот. Облечете ги истите алишта на секоја слика за да можете да видите како ви стојат со секој изгубен килограм.

Многу е лесно да смислите голем број на изговори за тоа зашто не можете да вежбате и да се храните здраво, но вистината е дека можете доколку сакате. Едноставно поставете ги приоритетите и одвојте време за планирање на вашите оброци. Обидете се да го задржите позитивниот став и мотивацијата. Не размислувајте колку е тешко и колку време е потребно да дојдете до посакуваните резултати. Мислете на вашето здравје и изгледот кој ќе го имате доколку сте доволно упорни.