Нема производи во вашата кошничка.

Млеко за добар вид

Ако сакате да го зачувате видот и во длабоката старост, експертите препорачуваат редовно пиење млеко, особено за жените.

Жените коишто во организмот имаат повисоко ниво на витамин Д од останатите, имаат помали шанси за развој на проблеми со видот.

Поточно, се работи за две третини помали шанси за развој на макуларна дегенерација, којашто е поврзана со возраста. Ова е заклучокот од едно неодамна завршено истражување во Америка. Макуларната дегенерација е најчестата причина за слепило во длабоката старост.

Таа го оневозможува нормалниот начин на живот, со постепеното ослабување на видот, сѐ до потполното исчезнување. Така, тие луѓе не можат да ги извршуваат секојдневните активности, како што се: читање, возење, а со текот на времето и основното препознавање на лицата. Истражувањето било спроведено на 1.313 испитанички. Тоа било спроведено како дел од поголема студија за болести на очите. Било забележано дека жените на возраст поголема од 70 години, коишто земале витамин Д преку млекото и други прехранбени производи имаат многу подобро здравје на очите од жените коишто не земале доволно витамин Д. Секако, заклучоците од истражувањето не се дефинитивни и потребни се дополнителни истражувања за подобро да се разберат врските помеѓу начинот на живот, генетиката и витаминот Д, во однос на заболувањата на очите. Сепак, тоа не Ве спречува да испиете по една чаша млеко на ден, како превентивна мерка.