Нема производи во вашата кошничка.

Најголеми митови за менопаузата

Менопаузата е еден од најтешките периоди во животот на секоја жена. За полесно да можете да се справите со колатералната штета од менопаузата (зголемување на телесната тежина, хроничен замор и сл.), треба да ја знаете вистината зад најголемите митови поврзани со овој преоден период.

Ако гладувам, нема да се здебелам

Заборавете на диетите. Девет од десет жени кои минуваат низ менопауза ја покачуваат телесната тежина, а со оглед на тоа што речиси сите хемиски процеси се менуваат од корен, старите начини на слабеење веќе не се ефикасни. Ако јадете како врапче или прескокнувате оброци, ризикувате дополнително дебелеење. Треба да знаете што да јадете и како да го забрзате метаболизмот, за да можете да ги согорувате масните наслаги. Најдобриот начин е да јадете почесто, но помали оброци. Интензивното вежбање ќе го намали стомакот

Интензивните вежби како трчање или вежбање на степер се одлични за кардиоваскуларната кондиција, но согоруваат повеќе шеќери одошто масти и нема да Ви помогнат да го намалите стомакот. Треба да направите баланс помеѓу исхраната и вежбите. Умерената исхрана, заедно со 5 километри пешачење секој ден и еден до два тренинзи со тегови во неделата би требало да бидат доволни. Менопаузата почнува порано поради хормоните во храната

Не е точно. Менопаузата е генетска категорија и Вие ќе влезете во тој период во горе-долу истото време како Вашата мајка. Прашајте ја кога започнала симптомите (потење во сон, опаѓање на косата, раздразливост итн.) и ќе имате подобра претстава за тоа што и кога да очекувате. Да поминуваа и мажите низ менопауза, ќе знаеја како е!

Иако оваа област не е до крај истражена, докторите се сигурни дека и мажите поминуваат низ слична фаза на хормонални промени, на возраст помеѓу 55 и 65 години. Тогаш доаѓа до пад на нивото на тестостерон, се јавува хроничен замор и се зголемуваат масните наслаги на стомакот. По менопаузата, веќе нема да го имам истото тело

Правилата на игра се сменети, но играта останува иста. Клучот е во тоа да го разберете новиот метаболизам и неговата брзина и според тие параметри можете да создадете програма за вежбање со која ќе ги намалите килограмите, доколку тоа многу Ви пречи.