Нема производи во вашата кошничка.

Најголемите митови за кофеинот

Ако сега направите пребарување на интернет на тема кафе и кофеин, ќе добиете поконтрадикторни резултати отколку за која било друга тема поврзана со здравјето. Една од главните причини за ваквата состојба е фактот што за кофеинот циркулираат голем број митови.

Кофеинот создава зависност

Ова е релативно точно, бидејќи зависи од тоа што подразбирате под зависност. Кофеинот е стимуланс за централниот нервен систем и редовното користење може да предизвика блага физичка зависност, но кофеионот воопшто не влијае врз Вашиот живот како што тоа го прават тешките дроги или пак алкохолот. Кај луѓето кои конзумираат многу кафе и кои одеднаш ќе се решат да престанат, може да се појават следниве симптоми:

  • Главоболки
  • Замор
  • Анкциозност
  • Раздразливост
  • Депресивност и
  • Потешкотии при конценратиција.

Кофеинот предизвикува несоница

Кај некои луѓе ова е точно, но кај други кофеинот нема никаков ефект врз спиењето. Ефектот што кофеинот ќе го има зависи од толерантноста на организмот. Човечкото тело го апсорбира кофеинот многу бргу, но бргу и го исфрла преку црниот дроб. За четири до пет часа по последната чашка кафе, повеќе од 50 проценти од кофеинот од системот се исфрла, а по уште пет часа преку 75 проценти го напуштаат организмот. Ако се вбројувате во чувствителните луѓе, треба да избегнувате кафе по 15 часот.

Кофеинот го зголемува ризикот од остеопороза, срцеви заболувања и рак

Научно е докажано дека умерените количини кофеин, околу 300 милиграми или грубо заокружено на три чашки кафе, не предизвиквуаат никаква здравствена штета кај здравите возрасни луѓе – иако некои луѓе се почувствителни, вклучително повозрасните и оние со покачен крвен притисок.

Остеопороза: При висок внес на кофеин (преку 744 милиграми дневно или 7-8 чашки кафе дневно), кофеинот може да го зголеми ризикот од губење на калциум и магнезиум преку урината. Но, последните студии укажуваат на тоа дека ваквата состојба не води кон оштетување на коскеното ткиво, особено не доколку редовно внесувате калциум во организмот.

Срцеви заболувања: Студиите на огромен број испитаници покажаа дека конзумирањето кофеин не го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, не го повишува нивото на холестерол во крвта и не предизвикува неправилно биење на срцето. Секако, ако веќе имате некој кардиоваскуларен проблем, треба да се консултирате со матичниот лекар околу тоа колку кофеин е препорачливо да внесувате во организмот.

Рак: Тринаесет различни студии со преку 20 илјади испитаници не укажаа на ниту една директна врска помеѓу кофеинот и развојот на рак. Всушност, кофеинот може да има и заштитен ефект од некои видови рак.

Трудните жени и оние што се обидуваат да зачнат треба да избегнуваат кофеин

Иако се чини дека сите жени во овој период од нивниот живот по автоматизам се придржуваат кон ова правило, најголемите студии не нашле никаква поврзаност помеѓу кофеинот и компликациите за време на бременоста.

Кофеинот е лош за децата

Според податоците, децата на возраст помеѓу 6 и 9 години во просек конзумираат по 22 милиграми кофеин дневно. Со сè поголемиот број енергетски пијалаци на пазарот, тој просек се очекува и да се зголеми. Студиите на оваа тема открија дека децата имаат еднаква способност за процесуирање кофеин како и возрасните и кога во умерени дози внесуваат храна и пијалаци во кои има кофеин, немаат никакви негативни последици.

Кофеинот ги поништува ефектите од алкохолот

Всушност, луѓето кои паралелно со алкохолот или веднаш потоа пијат кафе добиваат впечаток дека се отрезниле и дека можат без проблеми да возат. Студиите направени на студенти во Америка покажале дека оние што пиеле само алкохол биле помалку склони на сообраќајни несреќи одошто оние што покрај алкохолот внесувале и кафе.