Нема производи во вашата кошничка.

Кога е најдобро да јадете, за да слабеете?

Повеќе од јасно е дека кога се обидувате да ја намалите телесната тежина сте опсипани со совети и информации од сите страни кои Ви кажуваат што е најдобро да направите. Понекогаш тоа може да стане премногу конфузно и на крајот да останете со повеќе прашања отколку одговори. Прочитајте што велат нутриционистите на тема – кога е најдобро да се јаде при слабеење.

Повеќе од јасно е дека кога се обидувате да ја намалите телесната тежина сте опсипани со совети и информации од сите страни кои Ви кажуваат што е најдобро да направите.

Понекогаш тоа може да стане премногу конфузно и на крајот да останете со повеќе прашања отколку одговори. Прочитајте што велат нутриционистите на тема – кога е најдобро да се јаде при слабеење.

Ако се обидувате да ослабете, кога е најдобро да внесете најголем дел од калориите – наутро, напладне или пак да ги распределите преку целиот ден?

Оптимално е калориите рамномерно да се распределат во текот на целиот ден, но да се менува видот на храната, поточно да се намалува храната на база на јаглехидрати како што одминува денот, затоа што способноста на телото за обработка на оваа храна се намалува постепено, од утрото кон вечерта. Во превод, ова значи дека телото троши повеќе енергија за варење на јаглехидратите наутро, одошто доцна навечер. 

Вежбањето е еден од клучните фактори кои ја зголемуваат т.н. чувствителност на телото да ги користи јаглехидратите како гориво, а не за складирање на резервна енергија во форма на масни наслаги. Токму поради оваа причина, најголемиот дел од храната со скроб и производите од житарки (компири, ориз, овес, интегрални тестенини, интегрален леб итн.) треба да ги јадете веднаш по вежбањето или пак рано наутро.

Во другите оброци, зеленчукот, овошјето и јаткастите плодови треба да Ви бидат главен извор на јаглехидрати. Јадењето на најголемиот дел од храната со скроб и јаглехидратите од житарки наутро или веднаш по вежбањето, исто така помага при контрола на вкупниот внес на калории, но и вкупниот внес на јаглехидрати, што пак ќе Ви овозможи да ја намалите телесната тежина без здодевното броење калории.

Ако почувствувате дека намалувањето на телесната тежина забавило, во одреден период елиминирајте ја храната со скроб од појадокот и заменете ја со овошје или зеленчук.