Нема производи во вашата кошничка.

Кофеин за намален ризик од депресија

Според последната студија, жените кои пијат по неколку чаши кафе дневно значително го намалуваат ризикот од појава на депресија. Она што е најинтересно е дека колку повеќе кафе пиеле, толку ризикот од депресија се намалувал.

Ризикот од депресија кај жените се намалува со зголемувањето на внесот на кофеин

Според последната студија, жените кои пијат по неколку чаши кафе дневно значително го намалуваат ризикот од појава на депресија. Она што е најинтересно е дека колку повеќе кафе пиеле, толку ризикот од депресија се намалувал.

Во студијата биле опфатени преку 50 илјади жени, на возраст помеѓу 30 и 55 години, кои повремено одговарале на анкети за количината на кафе што ја конзумираат и нивното здравје.

Ниту една од жените немала симптоми на депресија (или пак историја на депресија) на почетокот на студијата, но во текот на следните 10 години, приближно 5 проценти од испитаничките добиле дијагноза на депресија или започнале со земање антидепресанти.

Од резултатите, се покажало дека жените кои пијат малку кафе или пак воопшто не пијат (не вклучувајќи го кафето без кофеин), имале 15 проценти поголеми шанси да се соочат со депресија.

Предвид биле земени сите варијабили кои можеле да добијат улога на пресуден фактор: брачен статус, општествени врски, општата здравствена состојба, итн. На крајот сепак се поакажало дека 4 чаши кафе дневно го намалуваат ризикот од депресија за 20 проценти.

Но, студијата не покажала директна причинско-последична поврзаност, па затоа нема причина да се верува дека пиењето многу кафе сосема ќе ја спречи депресијата. Според научниците, нема причина да започнете да пиете кафе со сила, доколку не Ви се допаѓа.

Единствената порака која била извлечена од оваа студија е дека кафето нема негативни последици по здравјето, како што некогаш се мислеше. Ова е особено важно бидејќи кофеинот кај некои луѓе може да предизвика зависност слична на онаа од дрогата.

Оттаму, сепак се препорачува внимателност при конзумирањето на овој пијалак.