Нема производи во вашата кошничка.

Како да се справите со мамурлакот

На сите понекогаш им се случува да претераат со алкохолот. Ефектите од тоа најчесто се чувствуваат следниот ден. Па, наместо да се мачите со незгодниот мамурлак, едноставно справете се со него.

Лекови против мамурлак

На сите понекогаш им се случува да претераат со алкохолот. Ефектите од тоа најчесто се чувствуваат следниот ден. Па, наместо да се мачите со незгодниот мамурлак, едноставно справете се со него.

Како превенција за мамурлакот, кога ќе се одлучите да пиете, направете неколку чекори. Доколку можете, држете се до посветли пијалаци, кои содржат помалку материи што ќе предизвикаат несакани последици следното утро.

Не мешајте повеќе видови алкохол, држете се до еден. Јадете и во текот на целата вечер внесувајте доволно количество вода што ќе ви помогне да ги ублажите ефектите од алкохолот.

Доколку веќе се соочувате со мамурлак, преземете ги следниве мерки:

Ако ви е лошо или многу ви се врти - повратете

Отидете до најблискиот тоалет и повратете го алкохолот што сѐ уште ви се наоѓа во желудникот. Подобро е да се олесните на овој начин, отколку да заработите труење.

Кога ќе легнете да спиете, доколку не можете да ја ублажите вртоглавицата, обидете се со спуштање на едната нога на подот. Доколку тоа не успее, а во стомакот и натаму чувствувате мачнина, одново отрчајте до тоалетот и повратете. Потоа ќе ви биде полесно и ќе можете да заспиете.

Студен туш или топла бања

Студениот туш ќе ве освести многу побргу и ќе ви ја забрза циркулацијата, а со тоа и побргу ќе стигнете до детоксикација. Топлата бања исто така ја забрзува циркулацијата, а во исто време добро ќе ве испоти, па низ потта ќе исфрлите добар дел од токсините. Одберете го она што повеќе ви се допаѓа.

Пијте овошни сокови

Природните овошни сокови содржат големо количество витамини, особено витамин Ц. Ако не сте во можност да исцедите овошен сок, подобро напијте се мултивитамински напиток наменет за спортисти, наместо да пиете вештачки овошни сокови кои нема многу да ви помогнат со мамурлакот.

Ако немате ништо друго, изедете (или испијте исцеден) лимон или во најмала рака една таблета витамин Ц.

Водата е најважна

Како што е општопознато, алкохолот го дехидрира телото и затоа кога сте пијани станувате многу жедни. Кога пиете многу вода, таа добива дејство и на диуретик, па на тој начин одеднаш ќе исфрлите многу штетни материи од себе.

Подобра варијанта за ублажување на ефектите на мамурлак се газираните минерални води кои имаат и антисептичко дејство на грлото.