Нема производи во вашата кошничка.

Изненадувачки причини зошто јадете кога не сте гладни

Првото правило што Ви го кажале Вашите родители кога станува збор за храна веројатно било – јадете кога сте гладни, престанете кога ќе се заситите. Но, зошто толку многу луѓе јадат и кога не се гладни?

Првото правило што Ви го кажале Вашите родители кога станува збор за храна веројатно било – јадете кога сте гладни, престанете кога ќе се заситите. Но, зошто толку многу луѓе јадат и кога не се гладни?

1. Кога јадете, се испраќаат сигнали за задоволство до мозокот.

2. Ви понудиле торта или колачиња на некој важен ден и би било некултурно да одбиете.

3. Јадете за да си го одвлечете вниманието од нешто што Ве мачи.

4. Сте направиле нешто добро и сакате да си се наградите.

5. Кога сакате да се казните себеси затоа што сте згрешиле нешто или сте доживеале неуспех, посегнувате по храна.

6. Штетата веќе е направена – сте изеле две колачиња и сте ја уништиле диетата, па сеедно е дали ќе ја изедете целата кутија.

7. Понекогаш не сте свесни дека не сте гладни. Целото внимание Ви е насочено кон телевизорот или компјутерот и несвесно продолжувате да јадете.

8. Кога сакате да одбегнете негативни емоции, го стимулирате сетилото за вкус и болката не може да исплива на површината.

9. Понекогаш си кажувате дека никогаш повторно нема да ја најдете истата храна којашто е толку вкусна.

10. Јадете кога се подготвувате за постење или за диета – небаре никогаш повеќе нема да можете да јадете.

11. Се подготвувате за вежбање или пак сте се вратиле од вежбање и мислите дека тоа ќе биде доволно да се согорат дополнителните калории.

12. Јадете затоа што никој нема право да Ви каже да не јадете.

13. Кога сте на одмор и за време на празниците сакате да јадете онолку колку што Ви се јаде – затоа што сте на одмор, не мора да внимавате.

14. Јадете кога не Ви се јаде затоа што ритуалите го налагаат тоа.

15. Кога сте бремени, јадете за двајца (иако тоа ни оддалеку не е точно).