Нема производи во вашата кошничка.

Избегнете ги алергиите за време на празниците

Едно од нештата што празниците сигурно ги носат со себе се бројните предизвикувачи на алергии. Од старите пакети извадени од подрум, до свежо исечените елки, можат да имаат застрашувачки ефект на лицата кои страдаат од алергии.

За да ги избегнете несаканите последици од алергиите, следете ги следниве 5 совети

Едно од нештата што празниците сигурно ги носат со себе се бројните предизвикувачи на алергии. Од старите пакети извадени од подрум, до свежо исечените елки, можат да имаат застрашувачки ефект на лицата кои страдаат од алергии. За да ги избегнете несаканите последици, следете ги следниве 5 совети.

1. Користете вештачка елка

Пријатниот мирис од свежите елки кои се продаваат околу Нова година кај многумина буди прекрасни спомени, но кај дел од луѓето може во голема мера да го иритира респираторниот систем.

Не е само мирисот проблематичен, туку и правта, инсектите и други загадувачи кои се напластиле на дрвото додека тоа растело.

Водата во саксијата во која ќе го поставите дрвото исто така може да биде проблем, бидејќи за брзо време фаќа мувлија, која е убиствена за лицата кои имаат проблеми со алергиите.

2. Избегнувајте парфимирани свеќи или домашни мирисни масла

За време на празниците, домашните мирисни масла и парфимираните свеќи се најпопуларни. Но, тие исто така придонесуваат и за зголемениот број алергиски реакции во овој период од годината.

Користете електронски уреди за освежување на собата и избегнувајте ги оние производи или домашно направени комбинации кои можат да предизвикаат иритација на синусите, што кај оние што страдаат од алергии значително го отежнува дишењето.

3. Избегнувајте аранжмани на свежо цвеќе

Почвата или водата во саксиите е совршено место за развој на мувлија. А, кога имате мувлија во домот, тоа значи дека ги вдишувате спорите. Тоа предизвикува отекување на дишните патишта, со што се ограничува протокот на воздух, а кај некои луѓе може да предизвика и исфрлање на кожата.

4. Регулирајте ја влажноста на воздухот

Навлажнувачите на воздух кои користат студена или топла вода се користат во голем број домови, како заштита од сувиот воздух во зимски услови кога просториите послабо се проветруваат.

Но, внимавајте, влажноста во ниту еден момент да не надмине 48 проценти. Преголемата влажност предизвикува раст и развој на мувлија, која предизвикува бројни алергиски реакции.

5. Чувајте ги новогодишните украси во големи пластични садови

Наместо во пакети, се препорачува украсите да ги чувате во пластични садови или најлонски ќеси кои се затвараат херметички, за да избегнете напластување на прав.

Доколку немате вакви садови, неколку пати во годината поминете ги украсите со правосмукалка, за да не се соочите со премногу прав при украсувањето на домот, што сигурно ќе предизвика некоја алергиска реакција.