Нема производи во вашата кошничка.

Храна со голем процент на вода за летните денови

Пиењето вода не е единствениот начин да го одржите нивото на течности во телото. Според последните медицински истражувања, 20 проценти од внесот на вода доаѓа од храната.

Пиењето вода не е единствениот начин да го одржите нивото на течности во телото. Според последните медицински истражувања, 20 проценти од внесот на вода доаѓа од храната. Токму затоа, во жешките летни денови, препорачливо е да ги вклучите овие прехранбени производи во исхраната.

Диња, праски, јагоди

Овие овошја имаат огромен процент вода и се богати со калиум, електролит кој се губи преку потта. Калиумот и натриумот функционираат заедно во насока на одржување на течностите во организмот, што пак е неопходно за правилната цикрулација на крвта и за регулација на пулсот. Една чашка од кое било од наведените овошја содржи помеѓу 5 и 10 проценти од Вашите дневни потреби.

Лубеница, киви, лимон, портокал

Витаминот Ц ја одржува флексибилноста на зглобовите и ’рскавицата, а овие овошја содржат околу една третина од дневните потреби во една порција. Исто така, помагаат и во заштитата на кожата. УВ зрачењето, загадувањето и засиленото потење имаат негативен ефект врз кожата, а витаминот Ц ги поништува тие ефекти.

Домати, брокула

Доматите изобилуваат со ликопен. Медицинските студии го поврзуваат овој антиоксиданс со намален ризик од повеќе видови рак. Иако не изгледа сочно, брокулата се состои од 90 проценти вода, а содржи и состојки наречени изотиоцијанати, кои според последните истражувања помагаат во блокирање на дефектните гени кои предизвикуваат мутација на одредени клетки, по што можат да станат канцерозни.

Ананас, цреши

Двете овошја можат да Ви помогнат да го стабилизирате нивото на течности по напорен тренинг. Студиите покажале дека ензимот бромелаин, кој го има во изобилство во ананасот, може да го намали воспалението и да го забрза опоравувањето на мускулите.

Јогурт

Медицинските истражувања покажале дека јадењето пробиотска храна може да Ве заштити од инфекции на респираторниот тракт. Пробиотските јогурти во просек содржат околу 5 пробиотски нишки (здрави бактерии). Една чаша јогурт содржи и 10 до 12 грама протеини, неопходна состојка за нормално функционирање на имунолошкиот систем.