Нема производи во вашата кошничка.

Храна што смирува воспаление на мускули

Ако сте вежбале малку повеќе од вообичаено или пак тукушто започнувате со фитнес програма, тогаш постојат добри шанси дека имате воспаление на мускулите.

Ако сте вежбале малку повеќе од вообичаено или пак тукушто започнувате со фитнес програма, тогаш постојат добри шанси дека имате воспаление на мускулите.

Иако болката од воспалени мускули може да биде и пријатна, тоа не е најпродуктивно за брзиот развој на мускулите. Ако не сте направиле доволно да спречите воспаление, тогаш можете да направите нешто за тоа побргу да помине. На пример, со правилен избор на храна.

Боровинки

Новото истражување направено во Нов Зеланд покажа дека антиоксидансите во боровинките можат да помогнат при ублажување на заморот во мускулите, собирајќи ги дополнителните слободни радикали кои мускулите ги создаваат за време на вежбањето.

Вишни и шипки

Британските истражувачи неодамна открија дека луѓето кои пиеле по 30 милилитри концентриран сок од вишни, двапати дневно, во текот на 10 дена, многу полесно се опоравувале од вежбањето (интензивни тренинзи со тегови за нозе во осмиот ден), отколку оние кои не пиеле сок. Причината за ова се антивоспалителните и антиоксидантските својства на вишните и другите овошја од кои се прави сок, како што се: грозје, шипки, боровинки и брусница.

Ѓумбир

Ѓумбирот изобилува со состојки кои се борат против воспаленија, кои можат да ги намалат болките предизвикани од остеоартритис и да ги смират воспаление мускули. Во една неодамнешна студија, луѓето кои внесувале ѓумбир 11 дена по ред, пријавиле 25 проценти помалку болки во мускулите при вежбање по програма која била наменета да ги оптовари нивните мускули (во споредба со група луѓе кои земале плацебо капсули).

Во една друга студија било откриено дека инјекциите со екстракт од ѓумбир помагаат при олеснување на болките во коленото предизвикани од остеоартритис.