Нема производи во вашата кошничка.

Храна што ќе ве заштити од болести во зима

Зимата со себе носи бројни здравствени и фитнес проблеми. Покусите и потемни денови, студенилото и подмрзнатите патишта го оневозможуваат нормалното вежбање и можат да донесат бројни болести.

Прочитајте како да се заштитите од зимските болести со правилна исхрана

Зимата со себе носи бројни здравствени и фитнес проблеми. Покусите и потемни денови, студенилото и подмрзнатите патишта го оневозможуваат нормалното вежбање и можат да донесат бројни болести. Прочитајте како да ги решите овие проблеми со правилна исхрана

Студени дланки и стапала

Аминокиселината аргинин помага во проширувањето на крвните садови и го поттикнува протокот на крвта. Аргининот е присутен во храната богата со протеини (месо, живина, риба, но и бадеми, кикирики, интегрални житарки, итн.

Болки во зглобовите и вкочанетост

Вирусите (особено оние кои го напаѓаат стомакот) се отпорни на многу нешта и можат да опстанат на речиси секоја тврда површина со недели. Затоа, чистењето треба да се изведува со доволно силно средство што може во целост да ги уништи сите микроорганизми.

Зимска депресија

Внесувањето мали дози јаглехидрати (од 25 до 30 грама или околу 120 калории) ќе му помогне на мозокот да излачува повеќе серотонин.

Јаглехидратите треба да се внесат без присуство на друга храна (проверете дали ужинката содржи повеќе од 2-3 грама протеини, бидејќи протеини го спречуваат излачувањето на серотонин) и на речиси празен желудник.

Овој потег ќе ги отстрани тажните чувства за 20 минути. Можете да изедете кифла со мармалад, пуканки, переци или засладени мусли.

Настинка

Последните истражувања покажаа дека супата има антивоспалителни ефекти, особено кога се работи за инфекции на респираторниот систем. Топлата течност го смирува воспаленото грло, морковите содржат бета-каротин (кој го подобрува имунитетот), а кромидот и лукот имаат антибактериски својства. Ако не сте настинати, подобрете си го имунитетот со секојдневно пиење јогурт.

Сува кожа

Истражувањата покажаа дека есенцијалните масни киселини, кои се присутни во: лосос, лен, ореви и маслиново масло, помагаат во хидрацијата на кожата.