Нема производи во вашата кошничка.

Што треба да јадете кога сте настинати

Едно од најлошите чувства во животот е она кога сте настинати. Иако не можете да ја победите настинката со лекарства, можете да ги олесните симптомите и да го скратите времетраењето на болеста со храна и пијалаци.

1. Пилешка супа

Oмилениот лек за настинка на бабите содржи цистин, состојка што помага да се разретчи слузот и да се олесни затнатоста на дишните патишта. Пилешката супа може да го намали и воспалението во белите дробови.

2. Јогурт

Јогуртот, а и останатите млечни производи, се богати со цинк, минерал кој е клучен за нормалното функционирање на имунолошкиот систем и борбата против болестите.

3. Цитрусни овошја и бобинки

Витаминот Ц нема да ја спречи настинката, доколку сте во близина на носител на вирусот, но истражувањата покажаа дека храната богата со овој витамин ќе ви помогне да се вратите во нормала за многу пократко време. Исто така, има и благ антихистамински ефект, со што се намалуваат назалните симптоми.

4. Зачини

Лук, лути пиперчиња, куркума и други силни зачини можат да помогнат во олеснување на затнатоста на носната празнина и синусите.

5. Црвено месо и остриги

Црвеното месо и остригите се одлични извори на протеини, а во исто време изобилуваат и со цинк, минерал неопходен за правилната функција на имунитетот.

Избегнувајте: Алкохол

Кога сте настинати или имате грип треба да внесувате многу течности, но тоа значи и апстиненција од алкохол. Вино, пиво и жестоките пијалаци ги рашируваат малите крвни садови, што дополнително ги запушува синусите и се намалува способноста на целото тело за борба против инфекции.