Нема производи во вашата кошничка.

Најдобрите хорор филмови за Ноќта на Вештерките

Како планирате да ја поминете оваа Ноќ на Вештерките? Ќе се маскирате во чудовиште и ќе ги плашите децата на вашите соседи? Ќе играте прелажи-или-почести се? Ако ништо од споменатото не ви се допаѓа, можеби би сакале да ја поминете ноќта под топло ќебе, гледајќи страшни филмови. Звучи добро нели?

Како планирате да ја поминете оваа Ноќ на Вештерките? Ќе се маскирате во чудовиште и ќе ги плашите децата на вашите соседи? Ќе играте прелажи-или-почести се? Ако ништо од споменатото не ви се допаѓа, можеби би сакале да ја поминете ноќта под топло ќебе, гледајќи страшни филмови. Звучи добро нели? Еве ги 9те најдобри филмови за совршена Ноќ на вештерките.....

Било кој филм од Петок 13 (Friday the 13th)

Може да одберете било кој филм од продолженијата на Петок 13 (во моментов има 12 продолженија) – многумина ќе ве советуваат да не гледате ниту еден од овие филмови, бидејќи сите наликуваат еден на друг, но ние велиме дека може да одберете било кој бидејќи сите се многу страшни! Ако не можете да се одлучите еве совет: одберете ги филот од 2009 Фреди против Џејсон, бидејќи во него е вклучена и уште една хорор легенда Фреди Кругер – Кошмар на улицата на брестовите.

Шесто сетило (The Sixth Sense)

Ако духовите ви се омилени, тогаш вечерта дефинитивно треба да ја започнете со овој фантастичен блокбастер. Не само поради крајот кој ќе ве шокира и ќе ве остави со подзината уста, туку и тоа што ќе го видите вечниот херој во акциите Брус Вилис, но без пиштол...........БУУУУУУ...дали и вие гледате мртви луѓе?

Семејството Адамс  (The Addams Family)

Ако ја поминувате Ноќта на Вештерките заедно со вашите деца ( или ако не можете да гледате премногу страшен хорор филм), тогаш Семејството Адамс треба да биде вашиот избор. Секако, филмот е страшен, но на многу чуден и интересен начин, па сигурно е дека ќе ги маѓепса гледачите од сите возрасти, без разлика на тоа кој е нивниот омилен жанр.

Ноќ на Вештерките (Halloween)

Што може да биде подобро од тоа да го гледате Ноќта на Вештерките на Ноќта на Вештерките? Можете да одберете од 8те продолженија или пак од преработките од 21 век, но најдобрата опција за да имате страшна Ноќ на Вештерките е да го гледате оригиналот од 1978 год. во кој глуми и легендарната Џејми ли Кертис. Само покрај вашиот кревет нека има ламба за да може да заспиете.

Врисок (Scream)

Овој филм можеби е 20 години стар и неговите продолженија не беа многу популарни, но верувајте дека сепак ќе си ја заврши работата. Врисок, не само што ќе направи да врескате, туку и ќе викате, плачете, ќе си го покриете лицето со ќебе и ќе спиете со отворени очи наредните неколку дена- совршен избор за Ноќта на Вештерките нели?

Било кој филм од продолженијата на Страшен Филм (Scary Movie)

Ако сакате вашиот хорор филм да е спакуван во хартија од комедија, тогаш некој од продолженијата на Страшен Филм сигурно ќе ве насмее. Сеедно е кој филм ќе го одберете, бидејќи сите се врз основа на еден ист концепт – половина e  смешен, а половина е  бесмислен. И постои уште еден бонус ако го гледате овој филм – никогаш повеќе нема да сакате да ги гледате традиционалните хорор филмови.

Сјаење (The Shining)

Број три – време  е да станеме сериозни со навистина страшни филмови! Сјаење е ремек делото на Стенли Кјубрик од 1980 година и не му треба крв, страшни чудовишта или големи ножеви за да го направи филот страшен – доволно е само маестралниот начин на кој е претставено зголемувањето на тензијата, која ќе направи да ги гризете усните, влечете косата и да се приближувате сè поблиску и поблиску до оној до кој седите....

Ловци на Духови (Ghostbusters)

Ако веќе не сте почнале да го потпевнувате звукот од филмот, бидете сигурни дека ќе потпевнувате откако ќе заврши филмот. Ghost Busters има сè што му треба на еден добра хорор филм за Ноќта на Вештерките: духови, мистерија и забава! Бил Мареј, Ден Ајкорд, заедно со другите херои од оваа фантастична приказна ќе ви помогнат да ве здоболи устата од смеа, па подгответе за незаборавна Ноќ на Вештерките!

Ноќта пред Божиќ (The Nightmare before Christmas)

Не дозволувајте насловот на ве залаже – Ноќта пред Божиќ, е филм за Божиќ, но и филм за Ноќта на Вештерките! И ова е одличен филм. Страшен, сладок, прекрасен, мистериозен, тажен...сè во едно! Ако сакате вашата Ноќ на Вештерките да биде посебна, тогаш ова е филмот за вас.