Нема производи во вашата кошничка.

8 грешки кои веројатно ги правите во кујната

Дали имате чувство дека поминувате многу време во кујната, всушност премногу? Ова може да се должи на фактот дека правите одредени грешки кои ви одземаат многу од скапоценото време. Дали сакате да знаете како да ги правите работите побрзо и поефикасно?

Никогаш не се подготвувате однапред

Подготвувањето одзема најголем дел од времето, и ако правите некои работи однапред, вашето готвење ќе биде побрзо и полесно. На пример, можете да подготвите се навечер и едноставно да ги ставите работите во здела или тава штом стигнете дома од работа следниот ден.

Се разбира, вам се уште ќе ви биде потребно време за подготовка – но барем ќе го одберете времето кое ќе го жртвувате. Може да биде дождлив викенд со не толку многу работи за правење, магливи утра кога е премногу студено да се оди надвор или мирни ноќи кога децата конечно ќе заспијат.

Не ги планирате вашите оброци за повеќе од еден ден

Убаво е да се биде спонтан, но тоа одзема толку многу време. Ако сакате да имате повеќе слободно време, ќе треба да ги планирате вашите оброци.  Прво, купете ги сите состојки однапред, бидејќи нема ништо полошо од одење во продавница секој ден за да се земат една или две состојки кои недостасуваат за рецептот.

И второ, обидете се да ги правите вашите подготовки за повеќе од еден ден.  Кога сечкате кромид или лук, можете да исечкате повеќе за да ги користите следниот ден. Кога ја миете салатата, измијте повеќе и ќе имате доволно за 2 или 3 дена.  

Вашата кујна не е организирана

Добро организираната кујна ви заштедува многу време, да не го спомнуваме и фактот дека претставува и големо задоволство да се готви во таква кујна. Потрудете се сите тенџериња и тави кои редовно ги користите да бидат уредно подредени онаму каде лесно ќе можете да ги најдете,  и да ги исчистите сите помагала кои ретко ги користите. И размислете неколку минути во врска со кујнските садови за готвење кои никогаш не ги користите; можеби ќе сакате да ги дадете некому или барем чувајте ги на горната полица каде нема да завземаат многу простор.

Истото се однесува на состојките кои ги користите секојдневно: задржете ги солта, биберот, вашите омилени зачини и вашите омилени состојки во близина за да не трошите време барајќи ги зад полиците.

Одите многу пати до кантата за ѓубре

Готвењето може да биде хаотично и обично тука има многу смет. Одењето до кантата за ѓубре неколку пати или дури отворањето на шкафот каде се чува кантата одзема време – на почетокот тоа нема да изгледа така бидејќи одзема неколку секунди, но кога ќе го повторите тоа неколку стотици пати? Да, се собираат работите.

Едноставно држете празен сад за храна или пластична здела во кујната и користете ја за сето ѓубре кое ќе се собере за време на готвењето. Штом завршите, едноставно земете ја зделата до кантата за ѓубре и рециклирајте како што треба.

Не користите се што може да најдете во супермаркетите

Не постои ништо поубаво од домашно подготвена храна – но полу-подготвената храна исто така не е лоша. Зошто да не се користат работите кои супермаркетите ги нудат? На пример, можете да купите убаво печено пиле и да ги спремите другите работи дома.

Вие ќе заштедите многу време и се уште ќе можете да уживате во убав и топол оброк со вашето семејство – тоа е многу подобро отколку да јадете претходно спакувана и затоплена храна од микробранова печка.

Не ги распределувате должностите околу готвењето и чистењето

Се надеваме дека веќе ги распределувате должностите околу готвењето и чистењето со вашите најблиски, но ако живеете со други луѓе, зошто не ги замолите да ви помогнат: Ако секој си го одработи својот дел, се ќе се заврши многу побрзо.

Сигурно, ако имате мали деца, вие не можете да очекувате сериозна помош од нив, но  постарите деца можат да ви помогнат да подготвувате јадења или можеби да направат цела една вечера ако дојдат дома пред вас. Веројатно ќе им биде забавно и тие навистина ќе бидат горди на нивните достигнувања.

И ако имате постар роднина кој живее со вас, замолете го за помош. Се разбира, вие нема да сакате да го оптоварувате да готви за целото семејство, особено ако има здравствени проблеми, но ако го прашате да излупи компири или да го исчисти зеленчукот за супата додека работите ќе ви заштеди многу време и ќе му помогнете да биде активен и да се чувствува корисно.

Ако не чистите кога ќе завршите

Дали исто така мразите да ја чистите кујната штом завршите со готвењето? Се разбира, но тоа што можеби не го знаете е дека многу работи можат да се исчистат додека заминувате. Само проверете дали вашата машина за перење чинии е празна, дали вашето мијалник е полн со топла и сапунеста вода.

На овој начин, вие можете да ги ставате нечистите садови во водата штом завршите со нив. Ако можеби се уште ви се потребни, едноставно исплакнете ги и искористете ги повторно, но ако не ви се потребни тогаш ставете ги во машината.

Не ги користите вашите остатоци

Имате остатоци: Тоа е супер, утре ќе има помалце готвење! Скоро секое јадење може да се искористи повторно и да се рециклира во нешто ново. Едноставно сикористете ја вашата имагинација. Можете да го искористите истото јадење и да создадете нешто сосема ново. Лесно и вкусно, зар не?