Нема производи во вашата кошничка.

Ф’стаци и ореви за подобро здравје

Повеќе од јасно е дека јадењето јаткасти плодови е е корисно за здравјето. Но, најновите истражувања дополнително ги потенцираат позитивните ефекти на редовното конзумирање ф’стаци и ореви.

Со ф’стаци против стрес, со ореви до поблаги ПМС симптоми

Повеќе од јасно е дека јадењето јаткасти плодови е е корисно за здравјето. Но, најновите истражувања дополнително ги потенцираат позитивните ефекти на редовното конзумирање ф’стаци и ореви.

Ако работите во канцеларија, сигурно во бирото си чувате нешто за грицкање, за моментите кога одеднаш ќе огладните.

Доколку до сега таму не сте имале ф’стаци, време е да ја промените навиката. Овие јаткасти плодови се преполни со калциум, калиум, витамини А, Ц и Е, но и фолати, што ги прави одлично оружје во борбата против стресот.

Јадењето ф’стаци дава значителен енергетски поттик.

Доволни се само 10 ф’стаци за да ги почувствувате позитивните ефекти.

Во овие плодови најмногу се содржани: калиумот (важен за чистење на организмот од токсини), калциумот (основен елемент потребен за цврстината на коските и забите), магнезиум и фосфор, но и неколку елементи во помали количини – железо, цинк, бакар, манган, селен, итн.

Кога бирате ф’стаци, гледајте да не бидат прекриени со сол, а убаво погледнете го делот од плодот што е видлив помеѓу лушпите – колку е поинтензивна зелената боја, толку е поголема концентрацијата на корисните состојки.

Кога ги складирате, тоа треба да биде на добро проветрено и студено место, бидејќи во себе содржат значителна количина растително масло. Никогаш не претерувајте со јадењето ф’стаци, бидејќи нивната калорична вреднсот е висока.

Од друга страна, повеќе истражувања укажуваат на тоа дека треба да се конзумираат ореви за да се ублажат симптомите на ПМС.

Нутриционистите дошле до заклучок дека кај испитаничките со изразени симптоми на ПМС, ефектите биле значително ублажени со секојдневно земање додаток на исхраната кој се состоел од еден грам мешавина од масни киселини.

Во студијата учествувале 120 жени, а резултатите покажале дека жените што го земале додатокот на исхраната редовно 6 месеци имале поблаги симптоми отколку оние што го земале само 3 месеци и далеку помалку болки од оние што воопшто не го земале додатокот.

Најважните масни киселини може да се внесат и преку редовната исхрана, со јадење: ореви, јајца, риба и растителни масла.