Нема производи во вашата кошничка.

5 Причини зошто да ги фрлите старите фармерки

Ѕирнете во женскиот плакар и ќе видите дека жената чува сè. Таа верува дека еден ден ќе може повторно да ги носи старите парчиња без оглед на тоа колку се нереални тие очекувања, а и до тогаш тие секако веќе нема да бидат во мода.

Вашите стари алишта можат да ве спречат да ослабете

Ѕирнете во женскиот плакар и ќе видите дека жената чува СЕ. Таа верува дека еден ден ќе може повторно да ги носи старите парчиња без оглед на тоа колку се нереални тие очекувања, а и до тогаш тие секако веќе нема да бидат во мода.

И наеднаш ги здогледувате нејзините тесни фармерки, најверојатно сеуште со етикета, купени како инспирација за слабеење.

Дали чувањето на гардеробата која не ви е точна навистина ве мотивира да ослабете, или всушност ве спречува? Еве листа на неколку причини зошто чувањето на облеката која веќе не ви е точна може да ја намали вашата самодоверба и да го спречи слабеењето.

  • Тие стануваат постојан потсетник на вашата идеална величина која одамна не сте ја имале. Ова особено важи за оние кои се обидуваат да ослабат и за оние чиј облик на телото се променил по породувањето или со стареењето.
  • Чувањето на старата гардероба е симптом на живеење во минатото. Само тогаш кога ќе го заборавите минатото ќе можете да научите да живеете во сегашноста. Престанете да живеете во илузија дека сеуште сте исти како пред многу години и започнете ново поглавје во вашиот живот како постари, помудри и позрели.
  • Доколку тесните фармерки сеуште не ви се точни, може да се почувствувате како губитник иако сепак сте забележале голем напредок. Некогаш е доволно да водите здрав живот без оглед на вашата тежина. Запомнете дека вагата не е секогаш реален показател за вашиот прогрес.
  • Обидите да ги облечете старите тесни фармерки можат да доведат до  диети кои се штетни по вашето здравје. Често се случува некои жени да тежнеат кон достигнување на премногу ниска тежина која се обидуваат да ја достигнат со премногу ригорозни диети.  
  • Желбата да изгледате исто како и во минатото, ве спречува да ја пронајдете вистинската среќа.  Според најскорешните истражување, голем број на жени  се плашат од неуспех и затоа не можат да го прифатат она што се денес, и нема да се наградат себеси се додека не достигнат совршенство.

Запомнете, кога конечно ќе се ослободите од својата стара гардероба, ќе сфатите дека вие не сте она што се вашите алишта. Ослободете се од минатото и живејте во сегашноста. Продолжете понатаму во својот живот со достоинство и почит.