Нема производи во вашата кошничка.

Фитнес тајни за рамен стомак

Секој сака да стигне до идеалот за убавина - рамен стомак, но ова е една од најтешките задачи во светот на фитнесот. Прочитајте како најлесно да стигнете до целта.

Секој сака да стигне до идеалот за убавина - рамен стомак, но ова е една од најтешките задачи во светот на фитнесот. Прочитајте како најлесно да стигнете до целта.

Она што мора однапред да го знаете е дека ваква амбициозна цел не може да се постигне без напорно вежбање. На својата постојана рутина на вежбање, применете ги и овие совети и многу полесно ќе го добиете посакуваниот резултат.

Не го задржувајте здивот

Иако стомачните вежби не се најефикасни за стомачните мускули, тие ќе помогнат во нивната активација. Но, не доколку при изведувањето го задржувате здивот. За мускулите да се активираат им е потребен кислород, а него ќе го добијат единствено ако правилно дишете во текот на вежбата. Вдишувајте при наведнувањето на горниот дел од телото, а издишувајте кога ќе се склопчите. За кусо време ќе забележите колку влијание ќе има оваа ситна промена врз квалитетот на вежбите. Овој совет важи и за секоја друга вежба.

Користете тегчиња

По редовното вежбање на некоја мускулна група, доаѓа период кога мускулите ќе се навикнат на отпорот и тој веќе нема да биде доволен предизвик. Тоа е вистинскиот миг кога треба да посегнете по тегчиња за да го зголемите отпорот.

Правете повеќе вежби

Како што спомнавме погоре, стомачните вежби не се најефикасни за зајакнување на стомачните мускули и затоа едноставно мора да правите повеќе вежби. Можеби ќе се изненадите, но една од најефикасните вежби за стомачни мускули се склековите, бидејќи при нивно изведување стомачните мускули го стабилизираат јадрото.

Отежнете ги вежбите

Кога ќе навикнете на вежбите во кои стомачните мускули се користат за стабилизација на јадрото, започнете да користите пилатес топка. Таа ќе го отежни одржувањето на рамнотежата, со што ќе ги направи вежбите попредизвикувачки.

Пилатес и јога

Доколку имате време, вежбањето пилатес и/или јога е совршено за одржувањето на стомачните мускули во одлична форма. Во пилатес и јога, акцентот на вежбите е ставен на одржување на телесната рамнотежа и токму затоа стомачните мускули се постојано активни.