Нема производи во вашата кошничка.

Најефтини начини за здрава исхрана

Кога ќе се спомне здравата исхрана, веднаш помислувате дека тоа ќе ве чини премногу и дека таквиот животен стил е финансиски неиздржлив. Но, потребно е да знаете дека не сите видови здрава храна се прескапи.

Овес

Приближно 150 денари килограм Овесот е богат со антиоксиданси кои го заштитуваат срцето. Всушност, овесот е супер храна која го намалува нивото на холестеролот и има антимикробни карактеристики, што го прави овесот оптимална храна за појадок.

Лук

Приближно 300 денари килограм Лукот содржи преку 70 активни фитохемикалии, вклучувајќи го и алицинот, за кој се покажа дека го намалува крвниот притисок и до 30 степени. Редовниот внес на лук го намалува ризикот од пвоеќе видови рак.

Лути пиперки

Приближно 50 денари килограм Ако можете да се справите со лутината, тогаш пиперките сигурно ќе ви се исплатат. Лутината во пиперките доаѓа од фитохемикалијата наречена капсацин, која е ефективен лек против запек, го намалува високото ниво на холестерол, го забрзува согорувањето на масните наслаги и го забрзува метаболизмот.

Домати

Приближно 50 денари килограм Доматите се најголемиот извор на ликопен, антиоксиданс кој заштитува од кардиоваскуларни болести, а го намалува и ризикот од рак на дојката. Секогаш кога сте во можност купувајте свежи домати, бидејќи конзервираните варијанти содржат шеќери, како и траги од пестициди кои се штетни за здравјето.

Кромид

Приближно 100 денари килограм Кромидот има бројни позитивни карактеристики, вклучувајќи го и значителното зајакнување на имунитетот, со што може да го намали ризикот за болести, почнувајќи од настинка, па сѐ до одредени видови рак. Кромидот исто така е богат со кверцитин, флавоноид што ја одржува крвта здрава.