Нема производи во вашата кошничка.

Исчистете го вашиот дом од негативна енергија

Ви се случило ли некогаш некој да ви се допаѓа многу повеќе само затоа што мириса многу убаво? Тоа е затоа што мирисот има голема моќ која можете да ја искористите да го наполните вашиот дом со позитивна енергија. Искористете ги прекрасните мириси на природните состојки и наполнете го вашиот дом со хармонија!

Ви се случило ли некогаш некој да ви се допаѓа многу повеќе само затоа што мириса многу убаво? Тоа е затоа што мирисот има голема моќ која можете да ја искористите да го наполните вашиот дом со позитивна енергија. Искористете ги прекрасните мириси на природните состојки и наполнете го вашиот дом со хармонија!

Жалфија

Жалфијата е првото нешто што ни паѓа на памет кога ќе помислиме на запален темјан. Сите ќе се сложите дека тоа и не е најубавиот мирис, но тогаш зошто е толку популарен? Се верува дека има исцелувачки способности, па затоа, доколку сакате да го исчистите вашиот дом од болести или бактерии, жалфијата е вистински избор.

Кедар

Кедарот е (или бил) свето растение за различни култури затоа што го прочистува воздухот и ја брка лошата енергија која ја оставаат лошите спомени или луѓето кои претходно живееле во вашиот дом.

Слатка трева

Ова растение со векови го користеле Индијанците за различни намени. Денес, исто така, многу се користи, особено во комбинација со жалфија. Доколку жалфијата се користи за растерување на негативната енергија, слатката трева ја привлекува позитивната енергија

Лаванда

Лавандата се користи за повеќе секојдневни намени, меѓутоа и се верува дека го подобруваат квалитетот на сонот и ја зголемува среќата, па затоа често се користи и во терапевтски цели за лекување на несоница, депресија и вознемиреност.

Ливчиња од роза

Се верува дека ливчињата од роза доколку ги запалите, ја привлекуваат љубовта и ја разгоруваат романсата.

Смрека

Смреката се користела во различни религиозни ритуали низ вековите, како и за растерување на болестите во времето на чумата. Вашиот дом е прилично безбеден од чума, но смреката е се уште многу ефикасна – таа ги ослободува умот и телото, па е многу практична кога станува збор за период на повеќе работни обврски, или пак кога вашиот партнер е во навистина лошо расположение.

Див пелин

За листовите од Див Пелин се верува дека го стимулираат сонувањето, па зато запалете ги пред да си легнете доколку сакате да сонувате.

Рузмарин

Се вселувате во нов дом? Започнувате нова кариера? За прв пат го запознавате вашето семејство со партнерот? Време е да запалите малку рузмарин затоа што тој го олеснува секој нов почеток.

Босилек

Босилекот со векови се користел за бркање на лошите духови од домот. Доколку верувате – пробајте.