Нема производи во вашата кошничка.

Доаѓа летото - подгответе го телото

Една од најдобрите работи кои можете да ги направите за да сè мотивирате да добиете витко и привлечно тело подготвено за претстојното лето, е да ги направите следните неколку чекори. Доколку сте убедени дека ве чека многу работа за да ги постигнете саканите резултати, никогаш нема да почнете со диетите и вежбањето. Сепак, постојат неколку едноставни начини како да изгледате подобро и да зачекорите на патот кон поатрактивен изглед.

Чекор 1: Отстранете ги несаканите влакна

Летото значи помалку гардероба, и генералното правило е дека колку помалку влакна имате по телото (освен на главата) толку подобро. Па затоа, отидете на депилација, обидете се со електролиза, изборот е ваш. Мазната бикини линија е нешто што мора да го имате кога одите на базен или на одмор.

Истото важи и за момчињата. Градите без влакна се многу попривлечни кога сте на базен. Запомнете, по депилација на градите задолжително измијте го телото со квалитетен гел за туширање и намачкајте се со крема која има смирувачко дејство.

Чекор 2: Бронзен тен

Покрај сите предупредувања за ракот на кожата и трајното оштетување кое го предизвикуваат УВ зраците – бронзениот тен е секогаш во мода! Ова лето не го потемнувајте тенот на природен начин туку на вештачки. Тој начин е многу подобар за вас, а и многу побрз.

Обидете се со навлажнувачки лосион кој содржи и супстанци за потемнување. Со него нема да ви се појават изгореници ниту пак флеки, а за само неколку минути дневно ќе добиете златен сјај. Исто така, земете ги предвид и спрејовите за потемнување во козметичките салони. И на овој начин ги одбегнувате УВ зраците, а добивате сончан изглед.

Чекор 3: Зацврстете го телото

Потребни ќе ви бидат неколку месеци за да го добиете идеалното тело за летото, но за брзи резултати обидете се со следново. Целосно отстранете ја брзата храна од вашата исхрана и јадете само здрави оброци барем една недела. Пијте многу вода. Правете вежби за рацете – за тонирање на стомакот ќе ви требаат неколку месеци, а за нозете неколку недели. Рацете се зацврстуваат многу побрзо од било кој друг дел од телото. Па затоа, обидете се со тегови или со склекови 15 минути дневно неколку недели. Вака ќе можете да ја облечете омилената маичка без прерамки и да изгледате убаво во неа!

Бронзениот тен, телото без влакна и тонираните мускули на рацете ќе ве мотивираат да се храните правилно, да ослабете, да вежбате и да добиете атрактивен изглед. Најчесто првиот чекор во вистински правец е најважен за постигнување на посакуваната цел. Овие неколку чекори навистина ќе ви помогнат во тоа.