Нема производи во вашата кошничка.

Дали е здраво да се држат диети во текот на бременоста?

Голем број жени кои имале преголема телесна тежина пред да забременат, како и оние што добиваат впечаток дека премногу се здебелуваат во текот на бременоста, се прашуваат дали е во ред да се држат диети во бременоста. Сега, го имаме одговорот...

Голем број жени кои имале преголема телесна тежина пред да забременат, како и оние што добиваат впечаток дека премногу се здебелуваат во текот на бременоста, се прашуваат дали е во ред да се држат диети во бременоста. Сега, го имаме одговорот... Докторите специјалисти не препорачуваат бремените жени да држат диети. Без разлика на почетната телесна тежина, важно е таа тежина да се зголеми, а не да се намалува во текот на бременоста. Рестрикцијата на калории за да се намалат килограмите може да доведе до прегладнување на фетусот, поради недостигот од хранливи материи кои му се неопходни за растење и развивање, а исто така може да доведе и до зголемен ризик од спонтан абортус или ниска тежина на плодот. Од друга страна, во случаите кога се работи за жени со прекумерна телесна тежина кои забремениле, важно е да се ограничи дополнителното дебелеење, за да се осигури здрава бременост. Во просек, жена со нормална телесна тежина треба да се здебели во просек од 10 до 15 килограми во текот на целата бременост. Жените со прекумерна тежина треба да се здебелат многу помалку, во просек од 5 до 9 килограми. Одредени жени мислат дека ако земаат додатоци од витамини, не треба да се загрижени околу режимот на исхрана, но витамините сами по себе не ги обезбедуваат сите хранливи материи кои му се неопходни на плодот. Затоа, секогаш е важно да внесувате добро избалансирани оброци, во кои има вклучено доволно овошје и зеленчук. По породувањето, вашиот лекар ќе ви даде совети како и во кој временски период е најбезбедно да се ослободите од вишокот килограми со кои сте се здобиле во текот на бременоста.