Нема производи во вашата кошничка.

Диета со компири

Луѓето кои се на диети со минимум јаглехидрати ги стигматизираат компирите како храна која дебелее. Но, можеби компирите се најновата супер храна. Соред најновите истражувања, јадењето компири двапати дневно може да го снижи крвниот притисок, но и килограмите.

Диета со компири за снижување на притисокот и килограмите

Луѓето кои се на диети со минимум јаглехидрати ги стигматизираат компирите како храна која дебелее. Но, можеби компирите се најновата супер храна. Соред најновите истражувања, јадењето компири двапати дневно може да го снижи крвниот притисок, но и килограмите.

Научниците велат дека компирите подготвени во микробранова печка, без додадени путер, масло или кечап се најдобри за здравјето. Печените и варените компири (вклучително и пире) исто така се прифатливи.

Во студијата која била направена на оваа тема, 18 мажи и жени јаделе по 6 до 8 компири со големина на топче за голф, како гарнир на ручекот и вечерата, како дел од нормалната исхрана. Најголем дел од учесниците во истражувањето биле со зголемена или прекумерна телесна тежина и на терапија со апчиња за снижување на крвниот притисок.

По еден месец на ваквиот режим на исхрана, дошло до значително намалување на крвниот притисок, што е знак дека компирите ја завршиле работата која таблетите не можеле. Што е уште поважно, кај ниту еден учесник во истражувањето не било забележано покачвуање на телесната тежина.

Идеално, компирите треба да се готват во микробранова печка, без додатоци и нелупени – бидејќи голем дел од состојките кои го снижуваат крвниот притисок се наоѓаат во лушпата. Микробрановата печка е идеална за приготвување на компирите, бидејќи за разлика од високите температури при пржење и печење, во неа се задржуваат најголем дел од корисните состојки на овој плод.

Компирите имаат помалку калории отколку оризот или тестенините и изобилуваат со витамин Ц. Тие се исто така добар извор и на: витамин Б, магнезиум, калиум, бакар и цинк.

Во нив нема холестерол, сосема малку маснотии, а растителните влакна кои ги содржат помагаат при намалувањето на постојниот холестерол. Еден компир со средна големина има околу 110 калории. Калоричноста на чипсот на пример, се должи на маснотиите што се додаваат во подготовката.