Нема производи во вашата кошничка.

Трикови за диета на идните невести

Сте вежбале напорно, сте држеле диета, сте ги наполниле фрижидерот и кујната со здрава храна и сте стигнале блиску до целта. Свадбата се наближува, но остануваат уште малку масни наслаги што мора да се отстранат. Не се предавајте! Искористете ги малите трикови за решавање на Вашиот голем проблем.

Сте вежбале напорно, сте држеле диета, сте ги наполниле фрижидерот и кујната со здрава храна и сте стигнале блиску до целта. Свадбата се наближува, но остануваат уште малку масни наслаги што мора да се отстранат. Не се предавајте! Искористете ги малите трикови за решавање на Вашиот голем проблем.

Намалете го стомакот со растителни влакна

Масните наслаги не се единственото нешто што предизвикуваат стомакот да изгледа или да биде голем. Дури 80 проценти од луѓето во некоја точка од нивниот живот се соочуваат со проблемот на констапација. Најчесто тоа се случува кога се под стрес, а делумно се должи и на несоодветната исхрана. За правилна дигестија, мора да внесувате доволна количина растителни влакна, особено растворливиот вид, кој се наоѓа во: јаболка, лимони, портокали, семиња и грав. Растворливите влакна впиваат вода, оформувајќи супстанца слична на гел и потоа ги притискаат мускулите во дигестивниот  тракт и ги присилуваат да ги исфрлат отпадните материи.

Додајте корисни бактерии

Во дигестивниот систем постојат бактерии што помагаат во процесот на варење на храната. Но, понекогаш, особено кога се борите со вишок килограми, може да дојде до дисбаланс на овие бактерии. Во тој случај, апсорбирате многу поголем процент калории од храната, што Ве оневозможува да ги симнете тие последни килограм-два. За да го стабилизирате нивото на корисни бактерии, побарајте пробиотски јогурт.

Внимавајте на витаминот Ц

Според нутриционистичките истражувања, луѓето кои имаат недостиг од витамин Ц согоруваат просечно по 25 проценти помалку енергија за време на тренинзите. Ако не сакате напорот да Ви остане залуден, започнете да конзумирате храна и пијалаци богати со витамин Ц (портокали, лимони, цитрони, јагоди, пиперки) или пак земајте додатоци на исхраната.

Јадете луто

Супстанцата што ги прави пиперките лути Ви го забрзуваа метаболизмот и Ви овозможува да согорувате повеќе калории и кога одмарате. А, повеќе согорени калории значи и помалку масни наслаги. Па така, ако сте љубители на лутото, зачинувајте ги јадењата по вкус.