Нема производи во вашата кошничка.

Неколку чекори до совршено здравје

Иако немате никакви проблеми со здравјето, сепак би можеле да направите мали измени во животните навики, за да се осигурите дека здравјето ќе Ви остане во одлична состојба уште долго време.

Јадете риба два пати неделно

Омега 3 масните киселини се клучната состојка што Ви е потребна од рибиното месо. Омега 3 значително го намалуваат ризикот од болести на срцето, ги олеснуваат болките во мускулите по напорни тренинзи, помагаат во борбата против депресијата, а можат да придонесат и за заштита од Алцхајмерова болест. Доколку имате аверзија кон риби, можете да земате додатоци за храна со рибино масло, но секогаш проверувајте го нивниот рок на траење и дали содржат витамин Е.

Вежбајте ги стомачните мускули

Доколку не правите специјални вежби за стомачните мускули, тогаш постои и друг начин како да ги вежбате. Имено, секогаш кога ќе вежбате со тегови, наместо да вежбате во легната или седната положба, вежбајте во стоење. На тој начин ги активирате стомачните мускули кои мораат да го стабилизираат ’рбетот додека Вие ги дигате теговите.

Растителни влакна или трчање – изборот е Ваш

Доколку немате доволно растителни влакна во исхраната, тогаш имате два избори – или да го зголемите процентот на растителни влакна кои ги внесувате или пак да започнете со трчање (минимум 20 минути дневно), за да ја спречите опасноста од неправилна работа на дигестивниот тракт, со што може да настане подолго задржување на храната во цревата, што пак на долг рок може да доведе до рак на дебелото црево. Трчањето спречува „заглавување“ на храната, па затоа е најдобра „замена“ за растителните влакна.

Заштитете се од грип

Доколку не планирате да се вакцинирате против грип, тогаш заштитете се на старомодниот начин – мијте ги рацете минимум пет пати дневно. Повеќе истражувања покажаа дека луѓето кои ги мијат рацете најмалку пет пати дневно и внимаваат на хигиената, имаат 45 проценти помали шанси да се разболат од респираторна болест.