Нема производи во вашата кошничка.

Броеви важни за здраво срце

За долг живот без заболувања на срцето не е доволно само постојаното мерење на крвниот притисок и нивото на холестеролот. Потребни Ви се уште неколку броеви со кои ќе си го осигурате срцето.  

Сол

Натриумот во солта ги задржува течностите во организмот и со тоа го зголемува волуменот на крвта, со што придонесува за повишен крвен притисок, проширување на крвните садови, удари итн. Истражувањата покажале дека просечниот возрасен човек дневно внесува околу 10 грама сол, додека препорачаната доза е 1,5 грама. Но внимавајте, солта не се наоѓа само во соларчето на трпезата. Околу 80% од солта што дневно ја внесувате во организмот доаѓа од прехранбените производи што ги кознумирате.

Шеќер

Најголем процент од шеќерите кои ги внесуваме во организмот исто така доаѓаат од прехранбените производи и засладените пијалаци. На пример, една лименка со газиран сок содржи околу 33 грама шеќер, што значи дополнителни 130 калории во организмот. Препорачаната дневна доза за калории добиени од шеќер за мажите е 150 калории, а за жените е околу 100. Редовното надминување на оваа доза носи ризик од метаболички промени и цела палета болести.

Доволно спиење

Бројни истражувања до сега потврдиле дека долгорочното недоволно спиење води кон сериозни здравствени последици. Иако точната причина не е утврдена, се претпоставува дека луѓето со нарушени навики на спиење го испуштаат периодот од ноќта во кој организмот го стабилизира крвниот притисок и поради тоа се поподложни на хипертензија, која пак води до бројни други проблеми со кардиоваскуларниот систем. Решението е едноставно – мора да спиете барем 8 часа во текот на ноќта. Некои навики се тешки за менување, но кога станува збор за здравјето, ништо не е претешко.

Вежбање

Сигурно до сега сте чуле безброј пати дека доброто здравје бара физичка активност. Овој факт е непобитен. Едноставно мора да вежбате кардиоваскуларни вежби за да ја елиминирате можноста од појава на заболувања на срцето. Активното срце е здраво срце. Според истражувањата, минимумот е поставен на 150 минути умерени кардиоваскуларни вежби неделно.

Цигари

Луѓето кои пушат минимум 20 цигари дневно имаат 2,5 пати поглеми шанси да умрат како последица од кардиоваскуларни заболувања во период од 30 години, во споредба со непушачите. Она што ретко кој го кажува е дека и луѓето кои повремено палат по некоја цигара се изложени на сличен ризик. Покрај ризиците за срцето, пушењето го зголемува ризикот од рак, дијабетес, репродуктивни проблеми и мозочни удари. Едноставно, не постои безбедна изложеност на тутун. За да го заштитите здравјето, сведете го бројот на цигари на нула.