Нема производи во вашата кошничка.

Бојата на вашите очи го открива совршениот тип на маж за вас

Се вели дека очите се прозорец кон душата и дека можете да научите многу од некого ако длабоко погледнете во нивните очи. Некои истражувања дури покажуваат дека бојата на вашите очи може да го открие совршениот тип на партнер за вас.

Црни очи

Црните и ли многу темните очи се многу ретки. Тие се таинствени,  исто како и партнерите кои ви одговараат најмногу. Некоја со црни очи и е потребен маж кого би го запознавале наново и наново секој ден.

Кафени очи

Повеќето луѓе имаат кафени очи. Тие се оптимистични, креативни и многу посветени. Ти се најсреќни кога имаа одговорен партнер кој подеднакво им возвраќа на нивната љубов.

Сини очи

Сините очи се интересни и делуваат изненадувачки. Луѓето со сини очи се сензуални, сестрани и многу атрактивни. Тие би требало да бараат партнери кои се подеднакво страствени како и тие самите.

Зелени очи

Зелената боја на очите ја симболизираат природата, па затоа луѓето со  зелени очи претставуваат комбинација од еманципација и инстинкт. Ти се секогаш  растргнати помеѓу емоциите и сировата страст. Тие имаат тенденција да бираат интереси партнери кои ќе ги размрдаат нивните животи на повеќе од еден начин.