Нема производи во вашата кошничка.

Беспрекорна фигура на пролет

Првите пролетни денови се идеална можност да започнете со некои спортски активности. Сончевите денови се тука и ви даваат многу енергија и желба за вежбање на свеж воздух. Кои спортови мора да ги пробате оваа пролет?

Првите пролетни денови се идеална можност да започнете со некои спортски активности.

Сончевите денови се тука и ви даваат многу енергија и желба за вежбање на свеж воздух. Кои спортови мора да ги пробате оваа пролет?

Трчање

Трчањето е одличен начин да се вратите во форма и да изгубите дел од вишокот килограми. Доколку никогаш претходно не сте трчале, на почетокот ќе се чувствувате исцрпени, но доколку истраете со време ќе почнете да уживате во оваа активност.

Што ви треба за трчање

На почетокот ќе ви треба многу мотивација и истрајност бидејќи трчањето е навистина голем предизвик. Во опремата за трчање се вклучени квалитетни патики за трчање, соодветна облека и спортски часовник со кој можете да го мерите вашиот напредок. Сето ова можете да го најдете во специјализираните спортски продавници.

Како да почнете?

Првиот пат кога ќе излезете да трчате, многу брзо ќе се заморите. Ние ви препорачуваме на почетокот да го комбинирате трчањето со одењето – трчајте 1 минута па одете 2 минути. По неколку дена можете да го замените времетраењето – трчајте 2 минути и одете 1 минута. Со време ќе го намалувате интервалот на одење а ќе го зголемувате оној на трчање.

Брзо одење

Брзото одење е одличен избор за оние кои долго време не биле физички активни. Со оваа активност ќе согорите многу калории и ќе се вратите во форма.

Што ви треба за брзо одење?

Под неопходна опрема се подразбираат квалитетни патики кои ќе ви ја дадат потребната поддршка и спортска облека од неколку дела кои можете да ги соблекувате или облекувате во зависност од температурата.

Како да почнете?

Брзото одење можете многу лесно да го прилагодите на вашите способности. На почетокот одете по рамни патеки и со време можете да почнете и да се качувате нагоре.

Возење велосипед

Возењето велосипед е одличен спорт кој ви овозможува да уживате во свежиот воздух и истовремено да ги намалувате килограмите. Овој спорт е идеален за секого.

Што ви треба за возење велосипед?

Основното нешто кое ви е потребно е се разбира велосипед. Одберете велосипед кој ќе одговара на вашата тежина и висина за да избегнете повреди и болка кои можете да ги добиете од несоодветна опрема. Секако дека ќе ви требаат и соодветна облека и соодветни патики.

Како да почнете?

Започнете полека и внимавајте да не се исцрпите предвреме па да се случи да останете без енергија за да се вратите назад.

Пливање

Пливањето е спорт кој најчесто се одвива во затворени базени поради надворешните температури, меѓутоа доаѓа лето па излезете надвор. Овој спорт е идеален за секого.

Што ви треба за пливање?

Можете да пливате во базен, во езеро или море, во зависност од можностите кои ги имате. Она што ви е потребно е квалитетен костим за капење, а доколку имате поосетливи уши набавете си тампони со кои ќе ги заштитите. Ако не сакате да ја намокрите косата ставете капа за пливање.

Како да почнете?

Пливањето ви овозможува да одредите свој ритам и е идеално за оние кои имаат проблем со тежината или пак патат од стара повреда.

Одбојка

Одбојката е еден од најзабавните спортови во светот. Дополнително, имате можност да се дружите со луѓето кои ги сакате.

Што ви треба?

За одбојка природно ви треба тим, па затоа повикајте ги пријателите, членовите на семејството или колегите и почнете. Исто така, ви треба и терен кој може да го најдете во речиси секој спортски центар или место за пикник, како и соодветна топка и удобна гардероба.

Како да почнете?

Најдобро е да играте во тим во кој сите се на исто ниво како вас. Доколку не ги познавате ни основите на овој спорт, ви препорачуваме да земете неколку часови па потоа да излезете на терен.