Нема производи во вашата кошничка.

Алергиите – непријатели на доброто здравје

Кога телото е пречувствително на одредени супстанци, настанува реакција што е непријатна, но и опасна. Тоа значи дека сте алергични. Алергиите се последица на претераната функционалност на имунолошкиот систем, како реакција на вообичаено безопасни супстанци...

Во светот постојат преку 20 илјади алергенси кои предизвикуваат најразлични алергии.

Кога телото е пречувствително на одредени супстанци, настанува реакција што е непријатна, но и опасна. Тоа значи дека сте алергични. Алергиите се последица на претераната функционалност на имунолошкиот систем, како реакција на вообичаено безопасни супстанци, како што се полен, прашински грини, некои видови храна, состојки од ткаенини, мувла, лекови или животински влакна.

Кожни алергии

Најчестиот вид кожна алергија е уртикарија. Таа се манифестира со исфрлање на кожата слично на журкање со коприви. Може да се јави на целото тело или на одредени делови. Покрај неубавиот изглед, исфрлањето на кожата исто така и многу чеша. Постојат повеќе причини за појава на оваа алергија: -Храна, -Убоди од инсекти, -Полен, -Лекови, -Разни инфекции, -Иритација на кожата поради студ, жештина, итн. Според времетраењето на алергиската реакција, постојат три различни видови исфрлање: акутна уртикарија, којашто трае неколку часа или неколку дена; хронична уртикарија, која може да трае неколку недели, па дури и месеци; но најлошиот вид е ангиоедема. Во случаите на ангиоедема доаѓа до потекување на слузокожата, особено на лицето (очи, усни, јазик, очни капаци), но може да се појават отоци и на други делови од телото. Најголема е опасноста што се јавува со отоците кои го попречуваат нормалното движење. Друга кожна алергија е контакт дерматитис. Таа настанува кога кожата доаѓа во контакт со непожелна супстанца и доаѓа до исфрлање. Најчестите алергенси се метали (хром, никел), парфеми, дезодоранси, детергенти, бои за коса, кожни производи, гума, итн.

Алергии на храна

Најчесто, луѓето што страдаат од вакви алергии се алергични на храна што се јаде секојдневно: кравјо млеко, јаткасти плодови, зеленчук и овошје. Последните студии покажаа дека помеѓу 1 и 5 проценти од сите луѓе на планетава се алергични на некоја храна. Во последните години, бројот на алергии на храна се зголемува.

Алергија на влакна

Оваа алергија се забележува најтешко, затоа што никој не помислува на неа додека не се појави. Алергијата на животински влакна е една од најраспространетите во светот, а е предизвикана од протеините во животинските влакна, плунката и урината. Најчесто се работи за чувствителност на влакна од мачки, но постојат и луѓе алергични на кучиња, хрчаци, зајци, птици, заморчиња, итн.

Ваквите алергии може да доведат до:

-Воспаление на очната и носната слузокожа, затнување на носот, иритација на очите, како и напади на кивање. -Се појавуваат подоцна, два или три часа по контакт со алергенс или како хронична астма. -Може да дојде и до исфрлање, на местата кои дошле во контакт со влакна од мачки или кучиња. Ваквите алергии примарно имаат ефект врз луѓето што веќе се алергични на прашински грини или слични алергенси.