Нема производи во вашата кошничка.

Алергиите и домот

Алергијата е реакција на имуниот систем на одредена непозната супстанца. Еден од најчестите типови на алергија е онаа на прашина, прашински грини или слични видови на микро нечистотија, а како последица на неа може да се јават и покомплицирани заболувања, како на пример астмата.

Токму поради ова, направени се многу истражувања и докажано е дека прашинските грини се вистински и сериозен алерген, а луѓето при контакт со овие термити може да имаат благи реакции како кивање, но и многу полоши, како: црвенило, егзема, дерматитис, болки во грлото, отечени очи, чешање или чувство на пецкање, хронично кашлање и кивање итн.

Кои се алергените во домот?

Прашинските грини се мали термити невидливи за голото око, кои освен што самите по себе се проблематични, дополнително го исфрлаат и својот измет насекаде по вашите предмети, особено на подот! Потоа, од подот, тие се пренесуваат и на мебелот, душеците, перниците и сите предмети со кои сте постојано во контакт. Знаеме дека звучи грозно, но за жал, тие постојат и се навистина проблематични. Доброто во ова е што кога веќе можеме да го идентификуваме проблемот, може да се најде и соодветно решение. Прочитајте подетално подолу...

Дали е вашиот дом заштитен од алергени?

Можеби си мислите дека имате релативно чист дом, но веројатно не знаете колку малку е потребно за да се создаде совршена околина за размножување на прашинсктие грини. Едно од местата каде што тие се таложат е и подот, особено сега во летниот период кога постојано проветруваме, па дополнителна прашина влегува и однадвор. Едноставното всмукување и пребришување со средства за чистење не е доволно за дезинфекција. Овие здодевни и упорни алергени се отпорни и живеат долго...

Кој е најзагрозен?

За жал, иако сите се изложени на истиот ризик, сепак, децата и младите се најзагрозени кога станува збор за алергии. Пролонгираното изложување на прашина во детството може да довете до посериозни компликации понатаму во животот. Втората категорија на загрозени се оние кои веќе имаат проблеми со својот имунитет, па алергените во домот можат дополнително да им го ослабнат.

Како да извршите дезинфекција од алерегни?

Како што веќе споменавме, се започнува од подот, па идеална превенција би било едноставното правило ПОДОТ МОРА ДА Е СЕКОГАШ ДЕЗИНФИЦИРАН. Намерно го пишуваме со големи букви бидејќи е исклучително важно, а многу луѓе не обрнуваат доволно внимание на ова. Дезинфекција се врши само со апарати кои обезбедуваат барем 99.9% заштита од вируси и бактерии. Секако, неопходно е да исчистите прво со правосмукалка, но користењето парочистачи или пак уште поусовршените Нано чистачи (види: Rovus Nano чистач на подови) е единствената тотална превенција и заштита.