Нема производи во вашата кошничка.

Зошто ни се потребни 5 оброка дневно

Одлуката што да јадеме и колку често веќе не е едноставно прашање. За секој добар совет на интернет постојат по неколку лоши. Затоа, уште еднаш, ова се одговорите на најчесто поставуваните прашања поврзани со здравата исхрана.

Одлуката што да јадеме и колку често веќе не е едноставно прашање. За секој добар совет на интернет постојат по неколку лоши. Затоа, уште еднаш, ова се одговорите на најчесто поставуваните прашања поврзани со здравата исхрана.

Дали јаболката навистина се толку здрави?

Во последно време се појавија предупредувања дека јаболката не се толку добри, затоа што се полни со шеќер, што може да им наштети на забите, наместо како што до сега се мислеше – да ги заштити. Но, од друга страна, јаболката се исклучително богати со растителни влакна и тоа од двата типа – растворливи и нерастворливи. Дневната препорачана доза растителни влакна е 18 грама, а едно јаболко со средна големина содржи околу 3 грама, исто колку и порција кафеав ориз. Исто така, јаболката се богати со витамини, па затоа, не треба ниту да помислите да ги исфрлите од исхраната.

Што е најдобро за појадок?

Муслите за појадок се рекламираат со хранливата вредност. Но, во едно неодамнешно истражување било заклучено дека 32 од 50 испитани марки содржеле нездраво високи количини шеќер. Станува збор за рафиниран шеќер којшто е штетен за забите, за диетата и општо за здравјето. Доколку се одлучувате за мусли, внимателно прочитајте ја етикетата. Шеќерот содржан во нив треба да потекнува од овошје или пак воопшто да го нема. Барајте природни состојки. Ако не сте љубител на мусли, свртете се кон потрадиционалните појадоци. Јајцата на пример содржат доволна количина протеини за да ви обезбедат чувство на ситост до ручек. Јајца со интегрален леб е одличен избор. Една чаша свежо цеден сок ќе ви ги обезбеди потребни витамини и минерали за првата половина од денот.

Пет оброка дневно?

Овошјето и зеленчукот содржат витамини, минерали, фитохемикалии и растителни влакна, а во исто време имаат релативно ниска калориска вредност. Затоа, нутриционистите препорачуваат 5 оброка дневно, од кои 2 треба да бидат составени само од овошје или зеленчук. Дел од хранливите материи во овошјето и зеленчукот, како што е витаминот Ц на пример, најдобро е да се внесува во жива форма. Но, витамините што се разложуваат во масти, како што се: А, Д, Е и К, се покорисни доколку ги зготвите со малку маснотија. Антиоксидансот ликопен, што го има во доматите, исто така, најдобро се апсорбира на овој начин.