Нема производи во вашата кошничка.

5 билки за борба против грип и настинки

Времето постајно се менува, а студено-топлите шокови можат многу лесно да Ви го нарушат имунолошкиот систем. Доколку се случи да се разболите, не е лошо да ги имате овие билки при рака, како ефективен начин за борба со сезонските болести.

Ефективен начин за борба со сезонските болести

Времето постајно се менува, а студено-топлите шокови можат многу лесно да Ви го нарушат имунолошкиот систем. Доколку се случи да се разболите, не е лошо да ги имате овие билки при рака, како ефективен начин за борба со сезонските болести.

Мајчина душичка

Традиционално, мајчината душичка е познат лек за добро искашлување. Па така, доколку се соочите со инфекција на респираторниот систем, за побрзо да ги исчистите белите дробови, посегнете по оваа билка.

Од неа можете да направите чај (сушените ливчиња ставете ги во зовриена вода и оставете ги да откиснат десетина минути) или пак направете инхалација (сушени ливчиња или есенцијално масло истурете во голем сад со врела вода, оставете да отстои неколку минути, а потоа наведнете се над садот покривајќи ја главата со крпа и вдишувајте длабоко). За ден-два, ќе можете да дишете полесно.

Слад

Испитувањата покажале дека сладот содржи моќни антивирални состојки кои можат значително да го засилат имунолошкиот систем. Доколку се разболите од грип, екстрактот од слад ќе Ви дојде добро во борбата против вирусот, затоа што се покажал како ефективен лек против повеќе нишки на грип, вклучително и птичјиот.

Но, доколку веќе сте на терапија препишана од лекар, консултирајте се со него пред да започнете со земање слад, затоа што во некои случаи, оваа билка го попречува дејството на одредени лекарства.

Лук

Одамна е познато дека лукот го засилува имунолошкиот систем, а бројните медицински истражувања покажаа дека редовното внесување помали дози лук може значително да Ви ги намали шансите за префаќање грип или некој од вирусите кои предизвикуваат настинка.

Доколку често сте во контакт со луѓе и не сакате непријатности, тогаш би било најумно да земате екстракт од лук во форма на таблети или пак да изџвакате едно чешне лук навечер, по враќањето од работа. Доколку веќе сте префатиле грип или настинка, дозата зголемете ја на две чешниња. Ако вкусот Ви е премногу остар, измешајте го лукот со мед.