Dormeo Easy Fix Flex - Летвички
Dormeo Easy Fix Flex Летвичките лесно се монтираат и содржат 28 флексибилни летвички од дрво од берза. Тие се рамномерно распределени на основа, со прилагодливи лизгачи кои помагаат да ја постигнете посакуваната цврстина. Овозможуваат соодветен проток на воздух и хигиена, продолжувајќи го векот на траење на вашиот душек. Се поставуваат за 5 минути. Произведени во Словенија.
- Кратко инфо
- Детали за производот
- Технички карактеристики
- Кратко инфо
-
Dormeo Easy Fix Flex Летвичките лесно се монтираат и содржат 28 флексибилни летвички од дрво од берза. Тие се рамномерно распределени на основа, со прилагодливи лизгачи кои помагаат да ја постигнете посакуваната цврстина. Овозможуваат соодветен проток на воздух и хигиена, продолжувајќи го векот на траење на вашиот душек. Се поставуваат за 5 минути. Произведени во Словенија.
Дознајте повеќе - Детали за производот
-
Подобра основа за вашиот сон
Со Dormeo Easy Fix Flex ќе му овозможите на вашиот душек да биде поставен на стабилна, цврста, површина која обезбедува соодветна прилагодливост и оптимална поддршка за телото. Целиот сет содржи 28 цврсти и издржливи летвички кои се рамномерно поставени на основата. Во делот на 'рбетот, тие имаат прилагодливи лизгачи, кои овозможуваат прилагодување на цврстината и удобноста. Дополнително, овозможуваат соодветен проток на воздух, со цел вашиот душек да остане свеж и сув постојано. Лесно се транспортираат и може да се постават за само 5 минути на вашиот кревет.
Подобрете ја поддршката и удобноста на вашиот нов душек за 30%
Дали знаете дека ако ставите дрвени летвички на вашиот кревет, под душекот, веднаш ќе добиете подобра поддршка за половината и рамената? Дополнително, ќе имате поудобен сон и ќе спречите појава на болки во грбот, предизвикани од спиење.
-
Летвичките, изработени од дрво од бреза, динамично се прилагодуваат на телото и се виткаат доволно за да го одржат 'рбетот во правилна положба', да ја распоредат тежината рамномерно и да спречат пропаѓање.
-
Лизгачите се позиционирани на двојните летвички во делот на 'рбетот каде обезбедуваат прилагодување на поддршката и цврстината. Кога лизгачите се наместени пошироко, тие се поцврсти. Кога се поблиску, тие се помеки.
Продолжете го животниот век на вашиот душек
Ставањето на душек на цврста, но, флексибилна основа, може да ги подобри неговите перформанси со одржување на еластичноста и состојбата, подолго време.
Дополнително, летвичките обезбедуваат подобар проток на воздух, кој:
- овозможува душекот да дише,
- помага да остане сув и хигиенски (спречува појава на дамки, мириси и мувла).
Земајќи го сето ова во предвид, употребата на летвички придонесува кон поздрава средина за спиење.
Се монтираат брзо и лесно
Dormeo Easy Fix Flex Летвичките се монтираат брзо и лесно на креветот, ќе ви бидат потребни само 5 минути.
Отпакувајте ги, отворете, отстранете ја постоечката подлога на креветот, ставете ги летвичките и на крај, ставете го душекот одозгора.
Покрај лизгачите на средината, летвичките ви овозможуваат да изберете колку тие ќе се виткаат, обезбедувајќи ви персонализирана поддршка.
Изработени од висококвалитетно дрво од бреза
Важно е летвичките да бидат доволно цврсти за да ја издржат тежината на вашиот душек и на телото, но, во исто време, да бидат доволно флексибилни каде што е потребно. Поради ова, Dormeo Easy Fix Flex Летвичките се изработени од најквалитетното дрво.
Нивната рамка е изработена од буково дрво, цврсто и трајнож и правозрнесто дрво, со одличен изглед. Поради овие квалитети, често се користи за изработка на мебел.
Летвичките се изработени од дрво од бреза - многу флексибилно и трајно дрво кое не бара одржување. Познато е по својата привлечна црвенкасто кафеава боја.
Димензии за сите кревети
Dormeo Easy Fix Flex Летвичките се достапни во следните димензии: 70x200, 80x200, 90x200 и 140x200. Не содржи пластика во пакувањето.
-
- Технички карактеристики
-
Дормео линија Harmony Дормео програма спиење