Нема производи во вашата кошничка.

Еколошки начин за чистење на домот

Чистењето може да биде прилично тешка задача, особено ако немате соодветна опрема на располагање. Поради тоа, најголем дел од нас купуваат безброј детергенти и други средства за чистење, следејќи го правилото: колку е појак детергентот, толку е полесна и побрза работата. Но, јаките детергенти вообичаено се многу поагресивни кон животната средина. Собравме неколку еколошки алтернативи кои можете да ги користите за подеднакво ефективно чистење на вашиот дом, а воедно и да ја зачувате животната средина!

Зошто треба да се одлучите за еколошко чистење?

Сите сакаме домот да ни биде колку што е можно почист и побезбеден, за нас и за семејството. Токму затоа користиме јаки и агресивни детергенти. Најчесто погрешно проценуваме дека домот може да се исчисти добро единствено ако користиме агресивни супстанци. Но вистината, како и обично, е сосема спротивна.

Агресивните детергенти често содржат супстанци кои можат да бидат токсични и штетни за вас и вашето семејство, децата и милениците. Природните детергенти често се подеднакво ефективни или можеби и повеќе отколку агресивните смеси, а покрај тоа ќе можете да заштедите пари со нивното користење. Најважно од сè е тоа што ќе направите нешто добро и за планетата, што ќе ја направи пријатно место за живеење за многу следни генерации.

Кои детергенти треба да ги користите?

Дури и ако се одлучите за поеколошко чистење, тоа не значи дека треба да ги приготвувате сите детергенти во домашни услови. Постојат многу еколошки детергенти кои се продаваат во супермаркетите, а тие дефинитивно се подобар избор за чистење на вашиот дом.

Но, внимавајте при купувањето: дури и ако на шишето е наведено дека детергентот е еколошки, за жал, тоа не секогаш е точно. Треба да бидете прецизни и темелно да ја проучите етикетата на шишето, за да бидете сигурни дека детергнетот навистина е таков каков што се тврди.

Кои супстанци треба да ги избегнувате по секоја цена?

Детергнетот дефинитивно не е погоден за употреба во вашиот дом доколку содржи која било од следниве супстанци:

  • хлор;
  • амоњак;
  • фосфати;
  • супстанци од рафинирана нафта или масла;
  • исопропанол;
  • киселина.

Кои супстанци се еколошки?

Кога купувате детергенти, одберете некој што содржи некоја од следниве супстанци:

  • соја;
  • цитрус;
  • сода бикарбона;
  • сок од лимон;
  • хидроген пероксид;
  • масло од чајно дрво;
  • оцет.

Детергенти кои можете да ги најдете во кујната

Детергентите кои се подобри дури и од еколошките детергенти од супермаркетите се природните агенси за чистење, кои најчесто можете да ги најдете во залихите во кујната. Овие природни детергенти ќе ви помогнат да го исчистите домот, да обезбедите чиста животна средина за вашето семејство, но и да заштедите пари. Детергентите кои дефинитивно мора да ги пробате во текот на следното чистење се:

  • сода бикарбона;
  • алкохолен оцет;
  • сок од јаболко;
  • сок од лимон.

Чистење со пареа

Чистењето со пареа, исто така, спаѓа во категоријата на еколошко чистење. Екстремно темелното чистење не бара ништо повеќе од обична вода и чистач на пареа – без детергенти и хемикалии!

Уште поважно, чистењето со пареа не само што овозможува чистење на домот, туку во исто време и го дезинфицира, на потполно природен начин. Оттаму, добриот чистач на пареа е одлична инвестиција, од аспект на чистотата на домот, но и поради зачувувањето на планетата.