Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*

7 совети од професионални чистачи

Дали сакате вашиот дом да биде почист, а се чувствувате како да сте антиталент за чистење? Можеби сè уште не сте се навикнале на чистењето или можеби немате волја за чистење... Или пак можеби само ви недостига теорија и пракса, за да можете да го направите својот дом сјајно чист. За вас, собравме 7 врвни совети за чистење од професионални чистачи, кои ќе ви помогнат да го направите својот дом почист.

Направете распоред

Професионалните чистачи не му пристапуваат на процесот на чистење како нешто што ќе го прават кога ќе најдат време – тие прават прецизен распоред на нештата кои ќе ги чистат со точно определени термини. Секако, вие нема да го чистите својот дом осум часа дневно, секој ден, но сепак, мудро е да направите распоред којшто значително ќе ви ја олесни рутината на чистење.

Адаптирајте го распоредот за чистење на својот животен стил. Ако имате повеќе време во текот на викендите, можете најголем дел од задачите да ги завршите во тој период, но ако со нетрпение чекате да заврши работното време во петок за да тргнете на викенд патување, тогаш подобро е да се погрижите за обврските поврзани со чистењето во текот на работната недела. Редовното чистење, по распоред, во големеа мера ќе ви го олесни одржувањето и чистењето на домот.

Одберете соодветна облека

Професионалните чистачи носат облека погодна за чистење – удобни алишта кои лесно се перат и овозможуваат широк опсег на движења. Треба да се држите до ова правило, затоа што ако чистите во облеката што ја носите секој ден, веројатно ќе се извалкате, ќе се натопите со детергенти или во најдоброто сценарио – ќе се препотите.

Соодветната облека ќе ви го олесни движењето, а покрај тоа ќе можете да седнете или да легнете на подот без никакви проблеми, со што ќе можете да се справите и со најтврдокорните нечистотии, без последици за вашата облека.

Инвестирајте во добра опрема за чистење

Професионалните чистачи ретко користат универзални агенси за чистење или алатки за чистење што се достапни во продавниците. За да заштедат време и пари, преферираат инвестирање во добра опрема за чистење, која многу подобро ја завршува работата.

И вие можете да го направите истото – инвестирајте во детергенти со специјална намена за секој дел од домот и набавете опрема што ќе ви помогне вистински да го „светнете“ домот. Почетните трошоци може да бидат за нијанса поголеми, но со текот на времето ќе сфатите дека таквата инвестиција ќе ви заштеди многу време и пари.

Соберете ги предметите од подот

При чистењето, активноста што одзема најмногу време е собирањето предмети од подот, преместување предмети и средување на нередот во вашиот стан. Признајте, зарем би им кажале на професионалните чистачи што сте ги најмиле да ви ги соберат предметите од подот, масите и другите парчиња мебел, додека ви го чистат домот?

Средениот дом може да се чисти за многу пократко време, затоа прво треба да се погрижите подот и останатите површини да бидат колку што е можно попразни, а дури потоа да ги нападнете со правосмукалка и метла. Поминувањето по празни површини е вистинско задоволство, верувајте!

Бидете подготвени

Како ја чистите бањата? Земате сунѓер и дури тогаш сфаќате дека сте го заборавиле детергнетот во визбата. Ќе отидете да го земете детергентот, ќе ја изрибате кадата и тогаш ќе сфатите дека сте го заборавиле џогерот. Сте го оставиле на терасата...

Ова ќе ви одземе преголем дел од времето и енергијата, затоа подгответе сè што ви е потребно однапред и на тој начин ќе бидете сигурни дека ќе постигнете поголема продуктивност, за многу пократко време!

Бидете ефективни

Многу ретко можете да видите професионален чистач повеќе од еднаш да помине една просторија. И вие можете да ја достигнете оваа ефикасност, само треба да ја организирате својата работа. Исчистете ги сите површини во еден дел од собата одеднаш, па дури тогаш продолжете понатаму. Ова ќе ви заштеди многу време и ќе ја направи вашата работа поефективна.

Останете фокусирани

Професионалните чистачи никогаш не ја прекинуваат работата само затоа што нивната омилена серија започнала на телевизија. Ја завршуваат својата работа, па дури тогаш седнуваат да се одморат.

И вие треба да го направите истото. Сфатете ја својата задача максимално сериозно, фокусирајте се и седнете да се одморите дури откако ќе ја завшрите задачата. Одмарањето во прекрасен, исчистен дом дефинитивно е многу послатко!