Нема производи во вашата кошничка.

5 највалкани тајни на Вашата кујна

Сите имаме свои валкани тајни и тука нема ништо страшно. Сепак, веројатно сакате вашата кујна да нема вакви тајни. Таму се приготвува храна, па затоа е од суштинска важност кујната да биде колку што е можно почиста. Ние ќе ви помогнеме да ги идентификувате петте најголеми ризици за вашето здравје кои се наоѓаат во кујната и ќе ви помогнеме да се ослободите од нив!

Вратата од фрижидерот

Микробите кои ги има во свинското, пилешкото и телешкото месо обично ќе ги најдете и на вратата од фрижидерот. Со оглед на тоа што ја отварате и затварате вратата од фрижидерот многу пати во денот и особено во текот на готвењето, прашањето не е дали, туку кога ќе се случи контаминација.

За жал, овој факт не важи само за вратата од фрижидерот, туку за сите отворени површини во кујната. Дали приготвувате пилешки филети? Кога ќе го ставите пилешкото на штицата за сечкање, се доестувате дека сте заборавиле да го земете ножот. Ја отварате фиоката, го вадите ножот за филети и во меѓувреме ги пренесувате микробите во фиоката и сѐ што се наоѓа во неа.

Едноставен начин за спречување на ваквата контаминација е честото миење на рацете. Но, не зброуваме за брзо миење со студена вода; треба да користите сапун кој треба да ви остане на дланките најмалку 15 секунди – ова е единствениот начин за успешно уништување на микробите. Внимавајте кога ги миете рацете – затворете ја чешмата со лактите или пак хартиена крпа, за рацете да ви останат чисти.

Чешмата

Како што напоменавме, постојат безброј микроби околу чешмата во вашата кујна, кои можат сериозно да ви го загрозат здравјето. Кога приготвувате храна, често ја отварате и затварате чешмата, особено ако сте еколошки свесни и се грижите за заштеда на ресурсите. Но, исто така, често заборавате да ги измиете рацете, оставајќи бројни микроби на чешмата.

Возможно е да постојат и други потенцијални ризици, како што е на пример нечистата вода. Толку сме навикнати на чиста вода во домовите, што воопшто не ни помислуваме дека водата од чешмата може да биде штетна. Затоа, треба да посветиме повеќе внимание, за да ги забележиме потенцијалните проблеми со загадената вода, во областа каде што живееме. Исто така е добра идеја повремено да се проверуваат и водоводните цевки – и таму можат да се кријат голем број потенцијални опасности.

Крпите

Најголем дел од луѓето веруваат дека крпите во кујната се чисти – ги користиме за бришење тенџериња и чинии, кои тукушто биле измиени со детергент и жешка вода. Ова е точно, но проблемот е во нешто друго. Крпите остануваат влажни или намокрени и по употребата, што во комбинација со топлината во кујната создава совршена средина за размножување на микроби.

Препорачливо е да ги менувате крпите колку што е можно почесто, по можност секој ден – и да ги перете на висока температура, со прашок за перење со висок квалитет и малку „поагресивна“ моќ на чистење. Тоа подобро ќе го заштити вашето семејство.

Сунѓерите

Сунѓерите за миење садови претставуваат ризик од повеќе причини. Една е слична како во случајот со крпите: остануваат влажни по употребата и поради тоа се совршена средина за размножување микроби и бацили. Разликата е во тоа што забележуваме кога крпите ќе се извалката и ги переме – на сунѓерите за миење садови, од друга страна, не се забележува нечистотијата и средината за размножување на микробите останува во кујната со недели.

Уште една честа грешка поради која сунѓерите за миење садови претставуваат здравствен ризик е тоа што ги користиме за чистење на повеќе различни површини: примарно, се користат за миење садови, но со нив, исто така, го бришеме садоперот – една од највалканите површини во кујната; а на крајот го користиме и за бришење на работната маса, каде што се приготвуваат сите видови храна. Нема потреба да се потенцира колку многу микроби се пренесуваат на наводно чистите површини како овие.

Како да го заштитите своето семејство од ваквите ризици? Најдоброто нешто што можете да го направите е редовно да ги менувате сунѓерите за миење садови. Ако не можете да си го дозволите тоа, уништете ги микробите со топлина. Можете да го ставите сунѓерот во микробрановата печка неколку минути и да се ослободите од најголемиот дел од микробите, кои успеале да го најдат својот пат до вашата кујна.

Садоперот

Садоперот е највалкната површина во вашата кујна, одводот во него претставува најголем здравствен ризик. Со оглед на тоа што не го гледаме тоа, често ни се случува да го заборавиме и многу ретко го чистиме – тоа значи огромна количина нечистотија се акумулира во него, а со тоа и многу штетни микроби.

Пријатно мрачната и топла средина е идеална за микробите и мувлијата, доколку имате „среќа“. Инсектите како мравки, лебарки и други инсекти можат да започнат да се размножуваат во одводот. Откако ќе се зголеми нивниот број, инсектите започнуваат со преселба од одводот во садоперот – а тоа, најмалку го посакувате.

Како да се спасите од оваа хорор приказна? Можете тоа да го направите на едноставен и потполно природен начин: истурајте доволна количина зовриена вода во одводот секоја недела и покажете им на инсектите дека не се добредојдени во вашиот дом. Сепак, вие никогаш не сте ги поканиле!