Нема производи во вашата кошничка.

5 едноставни чекори до почист дом

Дали чистењето едноставно не ви е пријатна задача, којашто понекогаш мора да ја завршите? И дали во исто време посакувате домот да ви биде барем за нијанса почист и посреден? Ви подготвивме пет едноставни совети за сите кои сакаат слободното време да го посветуваат на нови авантури, наместо да трчаат наоколу со метла во раката, но и не сакаат да живеат во нечистотии. Сега можете да го исчистите својот дом за многу пократко време.

Организирајте го чистењето

Ако не сакате многу да чистите, веројатно ја избегнувте оваа работа до последниот момент и се тешите себеси дека едноставно не сте имале доволно време. Но, колку подолго го одложувате чистењето, толку задачата станува потешка – ќе се насобере повеќе нечистотија, што ќе направи да се почувствувате очајно, уште кога ќе ја погледнете ситуацијата.

Токму затоа е подобро да одвоите време за чистење и да ги чистите најитните места во редовни интервали. Доколку стравувате дека времето за чистење секако ќе ви се потроши, одредете фиксен датум, како што е на пример среда попладне или сабота наутро. Исто како што имате одредено време за работа, вежбање или забави, треба да имате термини и за чистење на домот.

Организирајте го приборот за чистење

Една метла тука, друга таму, шише детергент практично во секоја соба... средствата за чистење се практично неограничени, но кога ви се најпотребни едноставно не можете да ги пронајдете. Време е да го организирате приборот за чистење!

Можеби е добра идеја да си набавите кутија за чување на сите средства за чистење. Кога ќе започнете со походот за чистење, кутијата ќе биде покрај вас во секоја соба од домот. На тој начин нема да губите време во барање на приборот за чистење во секој агол од домот.

Запознајте се со мини-чистењето

Мини-чистењето е интересена техника која дефинитивно ќе ви се допадне. За брзо време таа ќе ја надмине техниката на макси-чистење. Но, како функционира мини-чистењето? Навечер, кога ги миете забите пред спиење, треба да земете хартиена крпа и да го избришете лавабото и просторот околу него. Лавабото (а веројатно и непосредното опкружување) веќе се навлажнети), па затоа најверојатно ќе ви бидат потребни само неколку секунди да го исчистите овој дел од бањата.

Истото важи и за другите делови од домот. Кога готвите, исчистете ја работната маса и одржувајте ја чиста. Дали случајно ви паднале трошки леб на подот? Соберете ги со влажна крпа, за да избегнете чистење со правосмукалка. Мини-чистењето ќе го одржи вашиот дом чист подолг временски период, па така многу поретко ќе имате потреба за генерално чистење.

Завршувајте ги задачите тековно

Чистењето е најтешко кога задачите ќе започнат да се напластуваат, па самата помисла на сите нешта што треба да се завршат започнува да ви создава главоболки. Токму затоа е време да започнете да ги завршувате нештата што можете тековно. Наместете го креветот веднаш штом ќе се разбудите. Исчистете ја масата веднаш откако ќе завршите со појадокот. Кога ќе завршите со ручекот, измијте ги садовите или наредете ги во машината за миење садови.

Тековното справување со нечистотијата значително ќе ви го олесни животот. Сите знаеме дека на тенџерињата практично им е потребно само пребришување. Но, со оглед на тоа што сте го оставиле неисчистени со денови, ќе треба да ги рибате некое време. Сите знаеме дека облеката може едноставно да се обеси во плакарот, но затоа што сте ја оставиле неколку дена несредена по сушењето, сега не можете да го избегнете пеглањето. Тековната работа на чистотата во домот ќе ви заштеди многу време, а воедно ќе го направи вашиот дом многу поубав и посреден, секој ден – а не само ден или два по чистењето.

Повеќе е помалку

Дали повеќе сакате да чистите мал стан исполнет со мебел, бескрајни декорации, најразновидни непотребни отпадоци и сл., во кој едвај можете да стапнете на подот или пак огромна, празна сала за вежбање? Средување на просториите до точка кога можете да започнете со чистење е она што ви одзема најголем дел од времето.

Токму затоа ви препорачува да го уредите домот на тој начин што чистењето нема да ви одзема премногу време. Ослободете се од вишокот мебел, кој само го прави вашиот дом да изгледа пренатрупан; декорациите и малите непотребни предмети спакувајте ги во кутии, кои можат безбедно да се сместат во визбата. Ставете колку што можете повеќе предмети во фиоки, каде што нема да можат да собираат прашина, со што ќе си создадете многу попријатна средина за живеење, која може да се исчисти за многу пократко време. А што треба да направите со времето што ќе ви остане? Тие слатки маки ви ги препуштаме вам...