Нема производи во вашата кошничка.

Зошто комарците толку многу ве сакаат

Доколку сте помеѓу оние кои секогаш се на мета на комарците, тогаш најверојатно спаѓате во една од следните групи на луѓе. Научниците дошле до заклучок дека некои луѓе се едноставно попривлечни за комарците, благодарение на хемиската состојка која ја излачуваат. Овие 4 групи на луѓе се обожавани од комарците, а постои и 1 која најчесто ја избегнуваат.

1. Бремени жени

Комарците ги привлекува јаглеродниот диоксид кој го издишуваме. Брмеените жени, во подоцнежна бременост, издишуваат околу 21% повеќе јаглероден диоксид од оние кои не се бремени. Ова ги прави попривлечни за комарците само поради мирисот кој е околу нив.

2. Луѓе кои вежбаат

Комарците многу брзо ги намирисуваат оние кои трчале или вежбале. Нив ги привлекуваат млечните киселини кои се произведуваат во нашите мускули додека вежбаме и се излачуваат преку потта. Покрај потта, комарците ги привлекува и зголемената телесна температура, која е резултат на вежбањето.

3. Оние кои пијат алкохол

Според научна студија спроведена во Западна Африка, мажите кои пијат пиво се попривлечни за комарците од оние мажи кои пијат вода.  Ова е затоа што алкохолот ја зголемува телесната температура.

4. Оние со крвна група 0

Тие се најомилени кај комарците. Можноста некој со оваа крвна група да биде каснат од комарец е неверојатни 83%. Оние со крвна група 0 најчесто лачат мириси кои се неодоливи за комарците. За среќа, овие луѓе исто така имаат и најмала шанса да заболат од маларија, една од болестите кои ги пренесуваат комарците.

Луѓе кои комарците ги одбегнуваат?

Оние кои имаат крвна група АВ.