Нема производи во вашата кошничка.

Совети за живеење во нов стан

Сте се запрашале ли некогаш како ќе биде кога најпосле ќе имате сопствен стан? Време е да застанете на свое тло и да станете поодговорни, да ги пребродите пречките на патот до независното живеење и да бидете финансиски независни.

1. Купувате или изнајмувате?

Врз база на финансиската состојба, треба да одлучите дали ќе купите стан или ќе изнајмите. Најдобрата опција секогаш е да имате свој стан, но тоа не секогаш е возможно. Важно е да направите финансиски план и да знаете точно колку можете да потрошите, за да ви остане доволно за квалитетен живот.

2. При изборот на стан, времето е клучен фактор

Кога барате стан, никогаш не треба да брзате. Мора да соберете доволно информации и да погледнете повеќе станови. Можете да барате стан сами или да побарате помош од агенција за недвижности. Откако ќе најдете стан што ви одговара, одвојте малку време за размислување пред да донесете одлука. Потенцијалниот нов дом значително ќе влијае врз вашиот живот во иднина, затоа никогаш не брзајте.

3. Дали тоа е вистинскиот дом за вас?

Кога ќе го пронајдете станот што сте го барале, доколку не соработувате со агенција, мора сами да ги прегледате сите релевантни документи, договори и достапни информации за имотот. Овој чекор е клучен за избегнување идни компликации или потенцијални измами.

4. Донесете финална одлука

Пред да купите или изнајмите стан, откријте како се живее во тоа маало. Проверете какви се соседите. Прашајте ги дали би имале против ако планирате да правите забави или некои други активности во станот. Од друга страна, ако вам ви пречи бучавата, распрашајте се дали соседите се луѓе кои прават забави. Последно нешто што би сакале е да се преселите во стан каде што нема да ви биде удобно и каде што нема да бидете среќни. Уште еден важен фактор е локацијата, т.е. оддалеченоста од продавници, училишта, здравствени домови итн.

5. Уредување на станот

Откако ќе го добиете станот што го посакувате, следува уште еден важен чекор – уредувањето. Избирањето на мебелот и декорациите може во голема мера да влијае врз вашиот живот. Ви предлагаме боите да ви бидат светли, бидејќи е познато како боите влијаат на нашите животи. -Спалната соба треба да биде уредена во вашата омилена боја (но не сина, бидејќи тоа има негативно влијание врз сексуалниот живот) и да има доволно светлина, за да можете природно да се будите наутро. -Не заборавајте да додадете неколку цвеќиња во станот, кои ќе ве развеселуваат во темните и врнежливи денови. Накратко, важно е да го декорирате станот на начин што ве релаксира, создава удобна атмосфера и безбедност – место што ќе ви даде чувство на дом, по долгиот и напорен ден на работното место.