Нема производи во вашата кошничка.

Здрави ужинки за вашите деца

Во листата на приоритети во животот, сигурно не постои ништо поважно од здравјето на вашите деца. Секако, еден од начините да го осигурате здравјето на децата е да им обезбедите здрава исхрана, во која секако влегуваат и здравите ужинки.

Прочитајте дел од нашите предлози: 

  1. Овесни колачиња.
  2. Интегрални переци.
  3. Интегрални соленки со сирење.
  4. Банани со темно чоколадо.
  5. Моркови и целер.
  6. Здрави, интегрални житарки.
  7. Домашен, овошен шејк.
  8. Овошје со домашно приготвено макало (додадете малку цимет во јогурт со вкус на ванила).
  9. Интегрален тортиља чипс со салса.
  10. Интегрални крекери.
  11. Протеинско чоколатце (внимавајте на состојките, дел од нив содржат фруктозен сируп).
  12. Јогурт со низок процент на масленост (во супер маркет може да најдете повеќе вкусови кои децата ги сакаат).
  13. Кифли од интегрално брашно.
  14. Пуканки, со многу малку сол и без никаков прелив. Во супер маркет можете да најдете пуканки во пакувања од 100 калории.
  15. Печена соја, која најчесто се продава зачинета со морска сол.
  16. Свежото овошје секогаш е добра ужинка.
  17. Домашни мини пици, исечени на квадратчиња. Одберете квалитетен кашкавал, интегрален леб и доматен сос и направете им на децата мини оброк.
  18. Колачиња од ориз, сервирани со путер од бадеми или со парчиња адвокадо.

Исто така, добра стратегија е да оставите исечкани парчиња овошје и зеленчук во кујната, непосредно пред вашите деца да пристигнат од училиште. На тој начин ја елиминирате можноста да чуете поплаки дека нема ништо за грицкање, а доколку децата се навистина гладни, ќе посегнат по здрава храна.