Активен живот оваа есен за целото семејство
Многумина од вас веројатно ќе се согласите: нема ништо подобро од тоа да ги поминувате вашите денови правејќи нешто активно или да ги поминувате со вашето семејство. Па зошто да не ги споите овие две работи оваа есен и да ја направите најдобрата есен до сега? Еве неколку совети за тоа како да се грижите за вашето здравје, додека поминувате време со оние кои најмногу ги сакате...
Многумина од вас веројатно ќе се согласите: нема ништо подобро од тоа да ги поминувате вашите денови правејќи нешто активно или да ги поминувате со вашето семејство. Па зошто да не ги споите овие две работи оваа есен и да ја направите најдобрата есен до сега? Еве неколку совети за тоа како да се грижите за вашето здравје, додека поминувате време со оние кои најмногу ги сакате...
Пешачете со вашите деца до (од училиште) секогаш кога можете
Сите знаеме дека големиот број обврски не секогаш ни дозволуваат да ги испраќаме нашите деца до училиште или назад до домот, но кога и да имате време, зграпчете ја можноста заедно да одите од училиште до дома. Но, немојте да ги носите со автомобил, пешачете заедно или ако сте во можност одете со велосипед. Ова ќе ви овозможи да поминете квалитетно време со своите деца, а дополнително ќе ви помогне да го намалите стресот, а и да потрошите повеќе калории.
Поминувајте ги вашите викенди во долги прошетки
Долгите прошетки се одличен начин да поминете неколку опуштени часови со вашиот партнерм едноставно разговарајте додека сте активни и повторно поврзете се без стресот од секојдневниот живот. Исто така е одличен начин да поминете квалитетно време со целото семејство, вклучувајќи ги и вашите деца. Децата уживаат своето слободно време да го поминуваат надвор и да откриваат нови нешта- долгите прошетки ќе им ги овозможат и двете работи. Дали спомнавме дека оваа есен е совршена за долги прошетки? Да не премногу топло, но сепак е доволно за вашите викенди во истражување на природата да бидат пријатни...
Купете си куче
Доколку имате куче тоа е навистина добра можност за партнерите или за семејството со деца да поминат време заедно додека прават нешто навистина забавно. Како дополнување на тоа, однесете го вашето куче на прошетка неколку пати во текот на денот и ќе се изненадите колку позитивно тоа ќе влијае на вашето здравје, посебно ако вашите деца ретко наоѓаат време за активности надвор од домот. Како забелешка- немаме ништо против мачките на каиш, но сепак тоа е малку...........неконвенционално. Ако повеќе сакате мачки, секако може да имате мачка наместо куче, но ве молиме забележете дека времето со вашиот миленик ќе се претвори во трчање околу дворот, наместо мирна релаксирачка прошетка...
Одете на пливање
Секако, топлото лето и релаксирачките денови на плажата се позади нас, но тоа не значи дека не треба веќе да одите на пливање. Во денешно време затворени базени има на секој чекор и вашите деца сигурно ќе сакаат да пливаат во топлата вода на базените и да бараат место за скокање од каде нема да ги прскаат другите посетители. Пливањето, па дури и брцкањето во вода ќе ви помогне вие и вашето семејство да изгубите од 100-600 калории во еден час- одлична есенска активност за целото семејство!
Секоја недела поминувајте по еден цел ден во паркот
Каде да започнеме? Посетата на паркот со вашето семејство нуди неограничен број на можности – можете да пешачите низ убавата природа, да играте фудбал, одбојка или бадмингтон, да фрлате фризби, да си играте со кучето, да се бркате меѓусебно и сл. Доколку редовно ги правите овие активности, ќе ги научите своите деца да го ценат времето кое го поминуваат надвор, а исто така сигурно ќе ги зголемите шансите за да водат здрав живот кога ќе пораснат.
Одвреме-навреме договорете состанок за игри
Вашите деца сакаат да поминуваат што е можно повеќе време со вас, но некогаш тие само сакаат слободното време да го поминат во друштво со своите другарчиња. Добра идеја за активна есен е да договорите состанок за игри со вашите пријатели и нивните деца, оставете ги децата да заедно да истражуваат а на возрасните да уживаат во пријатни разговори и прошетка. Забавно и здраво- дали ви е потребно повеќе за вашето семејство?
Вклучете го целото семејство во домашните обврски
За домашните обврски се смета дека не е забавно, но тоа е така затоа што ние ги правиме здодевни. Кој вели дека готвењето со целото семејство не е забавно? Или средувањето на дворот? Или чистење со правосмукалка во секоја соба од куќата? На овој начин ќе забршоте многу работи кои инаку би требале да ги правите сами, а дополнително домашните обврски се и физичка активност, а со тоа ќе имате и здравствени придобивки.