Нема производи во вашата кошничка.

Ефикасни и евтини трикови за убавина

Годините на жените најдобро се огледуваат на вратот. Затоа, доколку сакате да ги скриете, следете ги едноставните совети за грижа.

Убавината не мора да Ве чини цело богатство. Понекогаш постои можност со малите трикови за убавина да постигнете резултати.

Сува кожа

Најдобар третман за сувата кожа е домашна маска од мед, бидејќи шеќерот од мед ја навлажнува кожата и ги намалува наборите на кожата. Измешајте две лажици мед и две лажици павлака. Смесата нанесете ја на лицето, задржете ја десетина минути, а потоа исплакнете ја со млака вода. По третманот, Вашето лице ќе изгледа значително освежено.

Подочници

Темните кругови под очите можат да Ви го нарушат изгледот, главно затоа што се тешки за покривање. Но, сега постои начин брзо и ефикасно да се ослободите од нив. Ставете две супени лажици во замрзнувач и по пет минути ставете ги на очните капаци. Лимфните жлезди ќе се опуштат од студенилото и за кусо време темните кругови ќе се намалат или сосема ќе исчезнат.

Лупење на кожата

Доколку кожата Ви се лупи повеќе од нормалното, тогаш направете си пилинг, од две супени лажици морска сол и четири лажици маслиново масло. Смесата тријте ја по кожата со кружни движења, а потоа лицето убаво измијте го и внимателно избришете го со порапава крпа, притоа притискајќи малку посилно.

Испукани усни

Кога се соочувате со суви и испукани усни, намачкајте ги со мед. Тој веднаш ќе започне да дејствува врз нив и тие ќе станат понавлажнети и посјајни.

Третман за сјајна коса

Измешајте јаболков оцет и вода во размер 1:3. Откако ќе ја измиете косата, исплакнете ја со растворот, а потоа и со студена вода.

Третман за здрави нокти

Доколку имате лак на ноктите, отстранете го со вообичаениот метод, а потоа потопете ги прстите во лимонов сок. Држете ги во сокот околу 5 минути. Тоа ќе им даде свежина и цврстина.

Третман за младешки тен

Трикот за добивање младешки тен всушност е наједноставен од сите – повремено масирајте ја кожата со загреано маслиново масло. Витамините А, Ц и Е кои се содржани во маслиновото масло забрзано ги регенерираат клетките на кожата, спречуваат оформување набори и го забавуваат стареењето на кожата.