Прекумерната телесна тежина најголем ризик за бременоста
Вообичаено, бременоста се класифицира како ризична доколку мајката е постара од 35 години. Всушност, ризикот само малку се зголемува со возраста. Според најновите истражувања, најголемиот ризик за бременост е прекумерната тежина на мајката.
Вообичаено, бременоста се класифицира како ризична доколку мајката е постара од 35 години. Всушност, ризикот само малку се зголемува со возраста. Според најновите истражувања, најголемиот ризик за бременост е прекумерната тежина на мајката.
Кај жените коишто имаат прекумерна телесна тежина и забременуваат, неколкукратно се зголемува ризикот од смрт при бременост поради проблеми со срцето, дефекти на плодот или спонтан абортус. И покрај сите ризици, многу малку се прави за да им се помогне на жените со прекумерна тежина, барем да го намалат ризикот за време на бременоста. Еве како прекумерната тежина влијае врз репродукцијата и како да ги ублажите ефектите.
Неплодност
Жените со прекумерна телесна тежина всушност многу потешко забременуваат. За да проверите дали се соочувате со ваков проблем, употребете калкулатор на индекс на телесна маса (BMI). Доколку резултатот е помеѓу 25 и 29 тогаш се соочувате со зголемена телесна тежина, а ако е над 30, тогаш имате претерана телесна тежина. Намалувањето на килограмите не само што ќе Ви помогне полесно да забермените, туку тоа е и најдобар начин да се осигурите дека ќе имате здрава бременост. Консултирајте се со матичниот лекар доколку Ви е потребна нутриционистичка помош.
Гестационален дијабетес
Привремената форма на дијабетес што се јавува единствено за време на бременоста, многу поверојатно е да се појави кај жените со прекумерна телесна тежина, а ако не се лечи, може да има траен ефект врз плодот. Болеста може да се детектира преку испитување на крвта, а лечењето ќе ги заштити и мајката и бебето.
Дефекти на плодот
Мајките со прекумерна телесна тежина имаат двапати поголеми шанси да родат деца со вродени недостатоци. Сепак, овој ризик и натаму останува занемарлив, со оглед на фактот што само 2 до 5 проценти од сите новороденчиња имаат такви недостатоци. За намалување на ризиците, пред зачнувањето и за време на бременоста треба да се земаат додатоци од фолна киселина, а клучно е и намалувањето на телесната тежина, што пак ќе ја подобри и општата здравствена состојба.