Нема производи во вашата кошничка.

Подгответе го вашето тело за костим за капење

Една од најдобрите работи кога станува за збор за лето е времето кое го поминуваме на плажа, но ако не сте задоволни со изгледот на вашето тело, тоа може да биде многу непријатно искуство. Вишок килограми, влакна на непосакувани места, бледа кожа и лош избор на костим за капење може да направи да се чувствувате лошо кога ќе го покажете вашето тело пред сите.  Сепак, не треба да се грижите – ако вие имате неколку часа слободно време пред да заминете на одмор, ние имаме совршен план кој ќе ви помогне да ги поправите несовршеностите.

Совршена кожа

Дали вашата кожа е бледа, нерамна и има дамки? Ова не е најдобриот изглед за на плажа, но не грижете се, има доволно време да направите нешто во врска со тоа.

Пилинг, пилинг, пилинг

Добриот старомоден пилинг може да направи чуда за вашата кожа, па вие дефинитивно треба да го направите тоа пред да отидете на плажа. Само еден најверојатно нема да биде доволен, па затоа секогаш кога се туширате направете си пилинг. Ако немате доволно време секогаш може да ги посетите козметичките салони кои за пократко време ќе ви дадат подобри резултати.

Пилингот не само што ќе ја направи вашата кожа привлечна и мазна, туку и вашиот тен ќе биде поубав и ќе трае подолго време, бидејќи ќе ги извадите мртвите клетки од старата кожа.

Тен без проблем!

Кога за прв пат одите на плажа во летната сезона, најверојатно немате боја – сепак зимата беше студена и долга. Бледата кожа нема да изнуди примамливи погледи на плажа и таа само ќе ги истакне несовршените делови од вашето тело.

Убав лажен тен може да ви помогне да се ослободите од проблемите. Ќе изгледате послабо, попривлечно и во форма.  Само треба да внимавате и да го нанесувате внимателно и умерено – не ја тријте кожата премногу, бидејќи сигурно не сакате да изгледате како далматинец.

Мазна кожа која останува мазна долго време

Една од најлошите работи во летото е она кога треба да ги отстранувате непосакуваните влакна. Ако користите брич, сигурно тоа треба да го правите постојано, речиси секој ден, а ако немате соодветна „опрема“ тогаш тоа ќе стане кошмар.

Ако користите брич, одберете го вистинскиот

Бричењето е најверојатно најлесниот и најпрактичниот начин да се ослободите од непосакуваните влакна, но ако користите евтини бричови, тоа може да трае долго и резултатите не се баш најсјајни. Можеби е време да инвестирате во убав и квалитетен брич кој ќе го олесни и ќе го направи бричењето поефикасно.

Подготвени сте за болка?

Ако сакате да имате долготрајни резултати, тогаш треба да го прифатите фактот дека треба да истрпите малку болка. Секако, поголем дел од жените кои пробале депилација велат дека всушност болката не е толку голема и дека дефинитивно вреди, бидејќи после тоа кожата е мазна. Топлата или ладна депилација се одличен начин да се ослободите од непосакуваните влакна, а ефектот ќе трае долго време.

Совршено летно тело

Ако сте веќе подготвени да се спакувате за вашиот летен одмор, тоа значи дека за жал нема да имате доволно време да го изгубите вишокот килограми. Но, постои еден начин кој ќе ви помогне да изгледате послабо и попривлечно за само неколку часа или пак неколку минути.

Намалете ја подуеноста и отеченоста

Вишокот масти во телото може да се претвори во облини, покрај стомакот – масните наслаги може да почнат да излегуваат од долниот дел на костимот за капење и тоа не изгледа привлечно. Иако не можете преку ноќ да се ослободите од вишокот килограми, лесно може да ја избегнете надуеноста  и тоа ќе ви помогне стомакот да изгледа малку порамен. Многу е едноставно – не јадете многу солена храна, не пијте газирани пијалаци, пијте многу вода и билни чаеви и не консумирајте алкохол.

Одберете го совршениот костим за капење

Ако имате проблем со вишокот килограми, тогаш многу е важно да одберете соодветен костим за капење. Треба да одберете костим кој ќе ви помогне да го обликувате телото, а ако сакате класичен костим за капење, тогаш одберете некој кој совршено ќе ви одговара: ако костимот за капење е премал, тогаш вишокот килограми ќе се познаваат, а ако е преголем нема да го обликува вашето тело.

Одберете костим за капење со висок струк. Ако сакате шарен костим, внимавајте шарениот дел да биде во горниот дел за да го одвлече вниманието кон вашето лице и секогаш одбирајте костим за капење кој ќе ви ја даде потребната поддршка.