Нема производи во вашата кошничка.

Решете ги стомачните проблеми на своите деца

Стомачните проблеми и дијареата се чести појави кај малите деца, особено во сезоната на вируси. Еве неколку совети кои ќе Ви помогнат полесно да се справите со нив кога ќе се појават.

Стомачните проблеми и дијареата се чести појави кај малите деца, особено во сезоната на вируси.

Еве неколку совети кои ќе Ви помогнат полесно да се справите со нив кога ќе се појават.

Дајте му на детето да пие вода или спортски пијалак во помала количина. Ако не сака да се напие вода, дајте му од омилениот сок, но избегнувајте пијалаци со цитрон, газирани сокови и други течности кои можат да го надразнат дигестивниот тракт.

Доколку има дијареа, бришете му го задникот со влажни шамивчиња, наместо со тоалетна хартија, за да ја намалите иритацијата колку што е можно повеќе. Доколку дијареата трае подолго време, мора да нанесете некој вид крем на задникот, за да се смири иритацијата од зачестените столици. Доколку се појават хемороиди кај детето, задолжително консултирајте се со педијатар.

Кога стомачните проблеми не се смируваат, мора да му ја промените исхраната на детото.

Давајте му храна која лесно се вари, како на пример: банани, јаболка, ориз, двопек, итн. Штом ќе изминат 24 часа од престанувањето на дијареата, можете полека да започнете да го враќате на нормална исхрана, но избегнувајте мрсни, пржени и зачинети јадења уште некое време. Можете да нанесувате топли и влажни облоги на стомакот од детето или да го избањате во потопла вода, за топлината да ги релаксира стомачните мускули. Доколку симптомите на дијареата се влошат или пак се сомневате дека се работи за дехидрација, тогаш задолжително однесете го детето кај матичниот лекар.