Нема производи во вашата кошничка.

Како да заштедите кога патувате

Планирате ли некое патување во блиска иднина? Не е важно каде и зошто патувате – трошоците секогаш наоѓаат начин како да се зголемат. Бидејќи помалите трошоци значат повеќе пари за вас и повеќе патување, секогаш е добро да бидете малку повнимателни кога патувате.

Планирате ли некое патување во блиска иднина? Не е важно каде и зошто патувате – трошоците секогаш наоѓаат начин како да се зголемат. Бидејќи помалите трошоци значат повеќе пари за вас и повеќе патување, секогаш е добро да бидете малку повнимателни кога патувате. Ние ви нудиме неколку одлични совети за тоа како да заштедите пари додека патувате.    

Совет 1: Планирајте однапред

Ви се случило ли некогаш да отидете да пазарите без претходно направен список на продукти кои ви требаат? Во тие ситуации најчесто се случува да купите многу повеќе од она што ви е потребно. И патувањето е слично. Планирајте предвреме и обидете се барем отприлика да ги одредите трошоците кои ќе ги направите на вашето патување. На овој начин ќе потрошите многу помалку. 

Совет 2: Резервирајте однапред

Дали планирате патување во САД? Во Тајланд? Во еден од европските главни градови? Во секој случај, никогаш не заборавајте да резервирате хотел најмалку неколку недели однапред. Што порано ја направите резервацијата, толку пониска цена ќе платите. Истото важи и за резервирање на авионски карти, рент-а-кар и автобуски билети. Точно е дека понекогаш има навистина достапни понуди во последен момент, но не се потпирајте премногу на нив затоа што доколку се неуспешни трошоците би можеле само да ви се зголемат.

Совет 3: Проверувајте по два пати

Пред да заминете по два пати проверете дали сте спакувале се што ви е потребно – прибор за хигиена, грицки, алишта, чевли, лекови. Доколку треба нешто од тоа да купувате онаму каде што ќе патувајте, сметајте дека ќе ве чини најмалку дупло повеќе отколку дома. 

Совет 4: Избегнувајте да купувате храна на аеродромите

Аеродромите се познати по високите цени на храната која ја продаваат. Понесете си сендвич од дома. Истото важи и за пристаништата, автобуските и железничките станици.

Совет 5: Избегнувајте ги викендите

Сите средства за јавен транспорт (вклучувајќи ги тука и авионите) се поевтини во текот на неделата отколку за време на викендите. Доколку е можно, почетокот и крајот на вашето патување испланирајте ги во текот на работната недела.

Совет 6: Не јадете во ресторани

Еден од најголемите трошоци кои ги правиме на патување е исхраната. Таа е многу скапа особено ако многу често јадете во ресторани. Резервирајте си соби во кои има можност вие самите да готвите.     

Совет 7: Бидете флексибилни

Ова е веројатно најдобриот совет кој ќе ви помогне да заштедите додека патувате. Бидете флексибилни пред да резервирате и откако ќе појдете на вашето патување. Покрај тоа што флексибилноста е дополнителен начин да заштедите, таа ви нуди и нешто што е многу поважно од парите – вистинска слобода. А тоа е вистинската причина поради која патувате, нели?