Нема производи во вашата кошничка.

Стапете во брак за да живеете подолго

Новите истражувања покажуваат дека стапувањето во брак може да Ви го продолжи животот и до 17 години. Студиите откриваат дека слободните мажи имаат 32 проценти поголеми шанси за прерана смрт отколку мажите во брак. Тоа значи дека во просек, слободните мажи умираат од 8 до 17 години порано од женетите.

БРАКОТ МОЖЕ ДА ВИ ГО ПРОДОЛЖИ ЖИВОТОТ

Новите истражувања покажуваат дека стапувањето во брак може да Ви го продолжи животот и до 17 години. Студиите откриваат дека слободните мажи имаат 32 проценти поголеми шанси за прерана смрт отколку мажите во брак. Тоа значи дека во просек, слободните мажи умираат од 8 до 17 години порано од женетите.

Слободните жени се справуваат за нијанса подобро со осаменоста. Тие имаат околу 23 проценти помал животен век од мажените жени (т.е. од 7 до 15 години). Овие податоци се базирани врз 90 студии спроведени на преку 500 милиони луѓе, во текот на изминативе 60 години.

Помладите слободни луѓе имаат далеку поголеми шанси за прерана смрт. Ризикот од прерана смрт кај слободните луѓе на возраст помеѓу 30 и 39 била 128 проценти повисока отколку кај оние што на истата возраст биле во брак.

Од друга страна, слободните луѓе на возраст од 70 години имале само 16 проценти повисок ризик од смрт. Тоа можеби се должи на фактот што ја преживеале младоста без партнер, без никакви последици.

Овие наоди водат кон поставување на голем број важни прашања, меѓу кои најважното е – зошто брачниот статус има толку драматично влијание на долговечноста?

Според експертските наоди, јавните врски помеѓу луѓето се во постојан пад, како и здравствените бенефиции и платите во западните општества. Според ова, особено жените се далеку повеќе маргинализирани сега отколку претходните години и поради тоа имаат поголем ризик од здравствени компликации и прерана смрт.

Брачните двојки уживаат во поголемата меѓусебна поддршка, додека слободните луѓе, дури и ако имаат семејства и пријатели, по дефиниција имаат помала социјална поддршка. Дополнително, постои голема веројатност дека токму семејствата и пријателите им вршат притисок да стапат во брак.