Нема производи во вашата кошничка.

Корисни совети за заштита од топлотните бранови

Во летото сè почесто ќе се соочуваме со топлотни бранови и пеколни температури. За да не си го загрозите здравјето, прочитајте како да се заштитите од жештините.

Прочитајте како да се заштитите од жештините

Во летото сè почесто ќе се соочуваме со топлотни бранови и пеколни температури. За да не си го загрозите здравјето, прочитајте како да се заштитите од жештините.

Соблечете ги обувките

Искористете ја секоја шанса да им овозможите на стапалата да дишат. Потта ќе испари, ќе ги излади, а со тоа и температурата во целото тело ќе се спушти, барем за нијанса.

Вклучете ги и климатизерот и вентилаторот

Двата уреда треба да функционираат паралелно. Климатизерот ја отстранува влагата од воздухот и ја разладува просторијата, додека вентилаторот симулира ветар, растерувајќи го воздухот низ просторијата, со што овозможува испарување на потта и отстранување на топлината од Вашето тело.

Испрскајте се со вода

Чувајте шише со распрскувач на вода во фрижидерот. Штом времето ќе стане прежешко, испрскајте се на лицето. Кога водата испарува, местото од коешто испарува се лади.

Многу вода

Не заборавајте дека кога се потите губите многу течности и за да ги надополните треба да пиете вода. Доколку дехидрирате или дојдете блиску до таа точка, телесната температура полека ќе почне да Ви се покачува, затоа што нема доволно вода за ладење. Избегнувајте пијалаци кои содржат алкохол, шеќер или кофеин, затоа што тие се деуретици и го забрзуваат процесот на дехидрација. Покрај пиењето многу вода, не заборавајте на менито да ставите храна богата со вода, како што се лубеницата, краставицата и растителните (бистри) супи.

Облекувајте се соодветно

Колку што е возможно, избегнувајте синтетика. Одберете материјал што ќе овозможи правилно дишење на кожата, т.е. нема да го попречува процесот на испарување на потта.

Избегнувајте директна изложеност на сонце

Доколку морате да излезете на отворено во периодот од 10 до 17 часот во кој не се препорачува останување на отворено на подолг период, преземете ги сите мерки на заштита (соодветна облека, заштита на кожата од УВ зрачење, шапка итн.). Не се задржувајте на место што е директно изложено на сончева светлина подолго одошто е апсолутно неопходно. Избегнувајте напорни активности во периодот означен како ризичен.