Нема производи во вашата кошничка.

Совети за новите родители - како да бидете помалку загрижени

Кога сте родител, сакате сè најдобро за своите деца. Сакате да бидат попаметни, поубави и поуспешни од вас. И поради сите овие желби, постојано сте загрижени, за безбедноста, за успехот, за животот. Ви пренесуваме 5 совети кои ќе ви помогнат да бидете помалку загрижени.

1. Верувајте им на фактите

Кога ќе ја погледнете фактичката состојба на она што се случува со вашето дете, ќе сфатите дека најголем дел од стравовите се ирационални. Согледајте ги сите нешта што навистина се случуваат во вашиот дом и дури потоа размислете како се чувствувате.

2. Престанете да се идентификувате со своите деца

Кога вашето дете ќе се скара или ќе се степа со друго дете, дали помислувате „Мора да сум лош родител“? Ако е така, тогаш персонализирате нешта кои реално не се ваша вина. Единствената личност чие однесување можете да го контролирате сте вие самите. Вие не сте едно со вашето дете. Не го заборавајте тоа.

3. Размислувајте позитивно

Само затоа што еднаш се случило нешто негативно, не значи дека тоа ќе се случи повторно. Негативните случувања им овозможуваат на луѓето да учат од своите грешки и на тој начин интелектуално да созреваат. Кога сте позитивно настроени за случувањата, најчесто нештата излегуваат онака како што треба.

4. Не преувеличувајте

Ова обично се случува кога ќе ги погледнете своите грешки или грешките направени од вашето дете и ќе започнете да ги претставувате како многу позначајни отколку што реално се. Наместо тоа, обидете се да се фокусирате на позитивните карактеристики на вашето дете. На тој начин вие ќе се чувствувате подобро за улогата на родител, а вашето дете ќе добие можност да си ја зголеми самодовербата.

5. Бидете отворени

Кога нештата ги гледате низ црно-бела призма, тогаш се поставувате на потполно нереалистична основа, бидејќи ретко што во животот е толку едноставно. Најчесто нештата се случуваат во сивилото. Апсолути не постојат и затоа секогаш треба отворено да размислувате и да ги согледувате сите фактори.