Нема производи во вашата кошничка.

Семејна новогодишна вечера

Новогодишната вечера е период во кој можете да поминете квалитетно време со најблиските. Оваа ноќ е навистина посебна, па затоа и вечерата која ќе ја подготвите треба да биде таква.

Новогодишна вечера

Новогодишната вечера е период во кој можете да поминете квалитетно време со најблиските. Оваа ноќ е навистина посебна, па затоа и вечерата која ќе ја подготвите треба да биде таква.

Покани

Прво, мора да ги поканите гостите кои оваа ноќ ќе ја направат незаборавна. Интересно би било доколку им испратите декорирани писмени покани и откако ќе добиете одговор за нивното присуство можете да почнете со подготовките.     .

Украсување

Новогодишната вечера нема да биде целосна без празничните украси кои се задолжителни за вакви пригоди. Никако не смеете да ја пропуштите елката – можете да ги замолите вашите гости да донесат рачно изработени украси за елката да блесне во уште поголем сјај. 

Пријатна атмосфера

Најважното нешто е собата во која ќе поминете најголем дел од таа ноќ со вашите гости да има празнична атмосфера. Одвојте доволно време и декорирајте ја со внимателно одбрани украси.  

Местење на масата

Центарот на целата новогодишна прослава ќе биде некое убаво подготвено јадење што значи дека големо внимание ќе се посвети на масата. Таа мора да е убаво поставена, а како идеја можете на секое место да ставите картички со името на гостинот. Вака вашата вечера ќе биде навистина ексклузивна. Можете да ставите и свеќници, помали украси, па дури и помала елка..

Вашата трпезариска маса нека заблеска

Сега сте подготвени за најважниот дел – изборот на чинии и прибор. За оваа пригода употребете ги најдобрите кои ги имате.

Со што да ги послужите вашите гости?

Вечерата треба да биде ексклузивен настан, па сега е вистинското време да ги покажете вашите кулинарски способности.

Храна

Никогаш не можете да згрешите доколку подготвите класични јадења. Пилешко, печено телешко или свинско, зеленчук и салата се секогаш добредојдени. Предјадењето е исто така, добра идеја – ние ви препорачуваме домашен намаз со топло лепче. 

Супата е исто така добра идеја, затоа што ќе ги стопли вашите гости. Изборот е голем – супа од тиква, лук, домат или печурки. Прославата може да се затвори со еден вкусен десерт – домашни колачиња или сочна торта. Убав апетит!   

Пијалак

Чај, овошни сокови и вода се основниот избор. За оваа пригода можете да одберете убаво сортно вино. Изненадете ги вашите гости со едно шише шампањ кое е идеално дополнување на оваа специјална ноќ.